Responsive Leaderboard AD Area
Интересно

Ги отстранува дамките пот од облеката: 10 необични употреби на аспирин

Аспиринот е апче кое на голем дел однас ни помага при справување со висока температура и со главоболки. Но, дали некогаш сте помислиле дека тоа има и други, уште поважни употреби кои можат да ви се најдат?

Ако одговорот е „не“, тогаш продолжете да читате и откријте ги 10-те неочекувани употреби на аспирин:

aspirin2

1. Помага во борбата со акните

Аспиринот помага при смирување на акните благодарение на своите антивоспалителни својства. Скршете 2-3 апчиња и измешајте ги со сок од лимон. Нанесете ја смесата на акната и оставете да отстои неколку минути и потоа измијте го лицето.

Совет плус: Избегнувајте користење на ваквата паста пред да се изложите на сонце.

2. Ги олеснува каснувањата од инсекти

Аспиринот има моќ да го намали отекувањето и да го смири чешањето што го предизвикуваат комарците. Ставете го апчето на местото од каснувањето и нанесете една лажица вода. Оставете да отсои неколку минути и измијте го лицето.

3. Ги намалува дамките на кожата

Аспиринот содржи состојка која се користи во создавање на креми и тоници за чистење на лицето. Измешајте 7 апчиња со 3 лажици јогурт и 1 лажица мед. Нанесете на чисто лице и оставете ја маската да стои околу 15 минути. Овој третман за лице ќе ги ја прочисти кожата, ќе направи кожата да свети и да биде мека како свила. При отстранување, ќе почувствувате како маската се лупи, и ќе почувствувате како намалено се познаваат лузните и дамките. Плус ќе спречите затнување на порите – т.е. лицето ќе ви биде комплетно чисто.

4. Спречува појавување на првут

Првутот не само што создава чувство на јадеж на главата, туку и се гледа и прави да се чувствувате непријатно. За да се ослободите од него, измијте ја косата со 2 столчени парчиња аспирин кои ќе ги додадете на вашиот шампон.

5. Дејствува како ексолијант

Аспиринот е одличен ексфолијант кој ги отстранува мртвите клетки од лицето. Исто така, помага во намалување на мрснотиите на лицето и ги намалува зголемените пори. Сѐ што треба да направите е да го измешате со вода и да оставите да стои неколку минути. Ако имате нежна кожа, бидете внимателни во нанесувањето за да избегнете иритации на кожата.

6. Го отстранува задебелувањето на петиците

Аспиринот помага во омекнување на петиците и отстранување на мртвата кожа. Столчете 7 апчиња и додадете половина лажица лимонов сок за да се формира паста. Нанесете ја смесата на петиците и покријте ги со топла крпа. Оставете да стојат 10 минути и потоа ексфолирајте користејќи камен или турпија за стапала.

7. Го намалува оштетувањето на косата

И вашата коса може да ги почувствува бенефициите на аспиринот. За здрава и блескава коса, ставете 2 таблети аспирин во топла вода и нанесете на чиста и сува коса. Оставете околу 15 минути и потоа измијте ја косата.

8. Ги отстранува дамките пот од облеката

Аспринот исто така служи за да им даде нов живот на вашите алишта. Нанесете аспирин разреден во топла вода на дамките пот и оставете да стои цела ноќ. Потоа, измијте ја облеката како и обично и уживајте во резултатот.

9. Ги отстранува остатоците од сапун од кадата

Ако не сакате сапунот да ја уништи естетиката на вашата када, скршете 5 апчиња аспирин и додадете ги во течноста за чистење на кадата. Нанесете низ целата површина, оставете да стои половина час и потоа нечистотијата ќе ја отстраните со обична крпа.

10. Го продолжува животот на цвеќињата

За да го продолжите животот на цвеќињата кои гледате дека венеат во вазната, во водата додадете скршена таблета аспирин. Овој трик е особено добар за рози бидејќи драстично им го продолжува животот и тие изгледаат многу подобро.

 

Share this Story
Load More Related Articles
Load More By Sofija Sion
Load More In Интересно

Facebook Comments

Check Also

#ГласамПротив Интересни илустрации од македонските дизајнери поврзани со моменталната политичка ситуација

Македонија е на прагот од една нова (политичка)раскрсница. ...