Responsive Leaderboard AD Area
Video, Едукативно, Интересно

Филозофијата на психопатите – Дали сте можеби вие еден од нив?

Психопатите опфаќаат 1% од светското население. Постојат луѓе со симптоми на психопатство, но тоа не ги прави дијагностицирани психопати. Скоро секој од нас има некој симптом што го има клиничкиот психопат.
Here

Терминот е прв пат системски опишан од психијатарот Хервеј М. Клеклеј. Супериорно шармантни, психопатите настојуваат да остават добар прв впечаток на другите и често во очите на другите изгледаат сосем нормално. Тие се секогаш само-центрирани, неискрени, и никогаш не можеш да зависиш на нив. Од време на време се впуштаат во неодговорно и непристојно однесување без никаква очигледна причина, само поради тоа што им е забавно. Не се способни да чувствуваат вина, емпатија или љубов, тие имаат платонски и неперсонални љубовни врски. Тие често имаат добри изговори за нивните бунтовни акции, префрлувајќи ја вината на другите луѓе. Ретко учат од своите грешки или да придобијат нешто од нивниот негативен фидбек, и имаат тешкотија да ги смират своите импулси.

Не е изненадувачки тоа што затворите се полни со психопати. Студиите покажуваат дека 25% од затворениците ги исполнуваат критериумите на психопатство. Исто така, истражувањата сугерираат дека голем број од психопатите се движат слободно на улиците.

Повеќето психопати се мажи, иако причините зошто се сеуште непознати. Психопатството е присутно и во Западните и во останатите култури, вклучувајќи ги и тие што имаат минимална изложеност на медиумите. Во 1976 година,  антропологистот Џејн М. Марфи, што во тое време била на универзитетот на Хардвард, пронајде дека изолирана група наречени “Inuits” близу Беринг Страит имале терминологија (kunlangeta), за опишување на психопатите “маж кој што .. континурано лаже и изневерува и краде работи и… искористува сексуално многу жени” – некој што не обврнува внимание на правилата и е секогаш носен кај постарите за казна. Потоа Марфи прашалa Инуит што правела групата кога ќе пронашле kunlangeta, тој одговорил, “Некој ќе го бутнел од карпа кога никој друг ќе немало да гледа”.

Psychopath
Постојат три митови за психопатите кои се невистинити:

1. Дека се тие секогаш насилни.

2. Дека сите психопати се исто и психотични.

3. Психопатството не се лечи.

Share this Story
Load More Related Articles
Load More By Irina Sm
Load More In Video

Facebook Comments

Check Also

#ГласамПротив Интересни илустрации од македонските дизајнери поврзани со моменталната политичка ситуација

Македонија е на прагот од една нова (политичка)раскрсница. ...