Responsive Leaderboard AD Area
Едукативно, Интересно

Една жена се согласила на експеримент со дефицит на спиење….

Воопшто не е тајна дека квалитетниот сон е клучен за добро здравје. Многу луѓе мислат дека 8 часа спиење е навистина потребно, но само мал процент од нив предлагаат дека и 6 часа им се доволни.

Фасцинирани од ова прашање, ние решивме да ги споделиме резултатите од неодамнешен експеримент кој детално ги покажува негаитвните ефекти од дефицит на сон.

Сара Чалмерс е 46-годишна жена од Велика Британија која неодамна беше дел од експеримент со апстиненција од спиење. Целта на истражувањето било да се воочат последиците од недоволно спиење.

На почетокот на експериментот, со помош на скенер за лице, научниците ја анализирале состојбата на кожата од Сара. На крајот на експериментот, нејзините пори биле дупло поголеми и нејзината кожа изгледала ужасно.

„Изгледав многу постаро отколку моите 46 години. Моите очи имаа огромни темни кругови и мојата кожа имаше толку зголемени пори што тие се гледаа од далеку. Како шлаг на тората, неколку точки почнуваа да се развиваат на мојата кожа. Брзо се уморував и лесно се нервирав. Си го мразев одразот во огледалото.“ – вели Сара.

За време на првиот дел од експериментот, Сара спиела не повеќе од 4 часа ( од 2 часот наутро до 6 часот наутро). За време на овој период, таа вели дека не чувствувала умор, но не се чувствувала ни одморено. „До 3 часот попладне секој ден имав чудно чувство, нешто како мамурлак“ – вели таа.

Во вториот стадиум на експериментот, Сара спиела 5 до 6 и пол часа во текот на една недела. До средината на неделата, таа забележала промени – почнала побрзо да се уморува и почнала почесто да јаде благи работи за да се наполни со енергија.

Сара Чалмерс по 6 часа спиење.

Сара Чалмерс по 6 часа спиење.

Докторите објаснуваат зошто тоа е така: „Недостатокот на спиење води до продукција на кортизол – хормонот кој создава стрес. Со неговото создавање личноста станува понервозна. Недоволното спиење исто така ги активира лојните жлезди кои создаваат проблеми со кожата. Дефицитот на сон исто така го застанува производството на хормони за растење, кои ги враќаат системите од телото во нивната оптимална состојба.

Финалниот дел од експериментот вклучувал враќање на нормалниот распоред на спиење. Сара спиела не помалку од 8 часа дневно и позитивните резултати долго време се вратиле. По една недела, проблемите од Сара со кожата исчезнале и таа станала помалку нервозна.

Сара Чалмерс по 8 часа спиење.

Сара Чалмерс по 8 часа спиење.

Share this Story
Load More Related Articles
Load More By Sofija Sion
Load More In Едукативно

Facebook Comments

Check Also

#ГласамПротив Интересни илустрации од македонските дизајнери поврзани со моменталната политичка ситуација

Македонија е на прагот од една нова (политичка)раскрсница. ...