Responsive Leaderboard AD Area
Интересно

Дури и во 2016: мажите повеќе ги наведуваат своите академски трудови од жените

Кога работите во областа на истражувањата,  можеби понекогаш потребно е да се цитираат вашите објавени трудови за одредена точка. Но, истражувачите во САД разгледале  објавени истражувања постари од 200 години и наишле на еден интересен заклучок: мажите ги автоцитираат своите трудови повеќе од жените.

1

 

Преку евиденција на околу 1.5 милиони студии објавени во периодот помеѓу 1779 и 2011 година на академска база на податоци – JSTOR, тимот предводен од социологот Моли Кинг од универзитетот Стенфорд заклучиле дека мажите ги наведувале своите истражувања за 56% повеќе од женските истражувачи.

Ваквиот факт останал точен и во текот на втората половина на 21-от век , а во изминатите 20 години процентот дури и се зголемил на 70%.

Самото тоа што мажите го изложуваат својот труд повеќе од жените е само уште една работа која ги прави машките научници да бидат забележани во своето поле, а женските истражувачи не се забележани на ист начин и тоа е нешто што ќе им наштети на нивните професионални кариери.

Уште еден интересен факт е тоа што истражувачите забележале дека околу 10% се посветени на себе-цитатирање во објавените документи со цел да не се продолжи или да не се менува истражувањето. 

Еден од недостатоците на истражувањето на JSTOR евиденцијата е тоа што на некои истражувачи не можеле да им се открие полот бидејќи нивното име било запишано само со нивните иницијали. Па така, од вкупниот број автори, полот им бил одреден само на 56,4% . Исто така, тие сметале дека жените го кријат својот идентитет.

За жал, ваквиот факт и денес, во 2016 е комплетно точен. Мажите до ден денес сѐ уште го наведуваат својот труд повеќе од жените.

Share this Story
Load More Related Articles
Load More By Mihaela
Load More In Интересно

Facebook Comments

Check Also

#ГласамПротив Интересни илустрации од македонските дизајнери поврзани со моменталната политичка ситуација

Македонија е на прагот од една нова (политичка)раскрсница. ...