Responsive Leaderboard AD Area
Едукативно, Интересно

Дали може интернетот всушност да се изгаси?

Многу славни личности во последен период пробуваат да “го скршат интернетот”, Ким Кардашијан е една од нив која е често распространета и актуелна. Ова нè замисли, сите знаеме дека не можеме да “го скршиме интернетот” буквално, но дали може да биде изгасен?
интернетот
Пред да дискутираме дали може да биде навистина изгасен, прво да поминеме што е уствари интернетот. Интернетот во суштина е направен од интерконекција на рутери и кабли. Вашиот домашен рутер се конектира со ИСП(Интернет Сервис Провајдер)(Телекабел, Кабловска, Телеком и сл.) и тие ги препраќаат вашите податоци, или стручно наречено пакети, на следниот поголем интернет провајдер, понекогаш преминувајќи граници, додека не стигне до неговата цел. Кога ќе стигнат пакетите до целта, ИСП ги препраќа тие податоци(пакети) до личноста која го пратила барањето, пренасочувајќи го процесот. 99% од комуникацијата конектирана низ светот е направена од каблирање наречено ‘submarine communications cables’(комуникациски кабли на подморница) кои се поставени под длабоките води на морето. Овие кабли можат да бидат стотици илјади километри долги, и можат да бидат длабоки колку висината на Еверест.

Да преминеме на главното, проблемот во гаснењето на интернетот е дека интернетот не е уствари управуван или контролиран од една централна локација. Нема копче кое може да се притисне и тој да прекине да работи. Како што дискутиравме погоре, интернетот е обезбеден од Интернет Сервис Провајдери. Да се изгаси интернетот, овие компании ќе треба да се соединат низ светот и истовремено да го изгасат интернетот, за да направат целосно светско интернет затемнување. Денес, од земја до земја се повеќе е веродостојно и се има случено. Проблемот лежи во тоа колку владата ги контролира тие Интернет Сервис Провајдери. Некои примери од земји носејќи го затемнувањето на интернетот се:

  • Египет на 28 Јануари, 2011 година, изгаси 88% од интернетот низ земјата, ова се случи бидејќи владата го поседува главниот сервис провајдер, “Телеком Египет”, и со големите протести во тоа време против тогашниот претседател Хосни Мубарек, владата одлучи дека тоа било најдобрата опција.
  • Сирија во Вторник на 7 Мај, 2013 година имаше целосно затемнување на интернетот во времетраење од 20 часа, со веројатност поради оштетен интернет кабел, но многу веруваат дека тоа било сторено од владата за да се задуши револтот.
  • Иран во Март 2013 година, го блокираше целиот пристап до VPN((Virtual Private Network) Виртуелна Приватна Мрежа), ова во суштина било начин да се заобиколат веб филтерите на владата.
  • Во 2014 година, претседателот на Малдивите Абдул Гејум го исклучи целосно интернетот на целата земја после протести против неговото владеење.
  • Некои нации имат нивен сопствен интернет кој е поблизу до интранет  , вклучувајќи ги Северна Кореа со Квангмјонг .

Овие проблеми не се само во горенаведените земји. Исто во таа листа на затемнување на интернетот можеме да ги наброиме Северна Кореа, Бурма, Кина и многу други земји кои ги доживеале тие проблеми и регионално и национално. Некои земји го контролираат филтерот на веб пристап драматично, дури понекогаш до степенот на стопирање на пристап на “Google”.

Share this Story
Load More Related Articles
Load More By Irina Sm
Load More In Едукативно

Facebook Comments

Check Also

#ГласамПротив Интересни илустрации од македонските дизајнери поврзани со моменталната политичка ситуација

Македонија е на прагот од една нова (политичка)раскрсница. ...