Responsive Leaderboard AD Area
Едукативно

8 утрински ритуали кои ќе ве наполнат со енергија и ќе направат да бидете концентрирани во текот на денот

„Кој рано рани, две среќи граби“ – Не залудно постои ваквата реченица. Уште едно истражување кое ја потврдува ваквата народна поговорка е истражувањето од 2009 на универзитетот во Лајпциг. Експертите постојано повторуваат дека колку порано го започнете денот, толку подобро ќе се чувствувате. А, утринските рутини се голем дел од тоа.

Ова се 7-те утрински ритуали кои секој треба да ги прифати:

utrinskiritual1

1. Пред да си легнете направете план за следниот ден

Иако ова не е утрински ритуал, ова е навистина важна навика која ќе резултира со продуктивно утро. Направете план што ќе носите и уредно ставете ја таа облека на креветот. Бидете сигурни дека имате што да јадете за поручек и направете мал распоред на активности за денот.

Сето ова звучи многу едноставно, но кога ќе си дојдете дома, навистина е искушително да легнете на креветот со чаша вино и да го оставите сето мислење за утрешниот ден.

2. Разбудете се навистина рано

Извинете ноќни птици, време е за адаптација. Во истражување на 20 директори, Лора Вандеркам, експерт во менаџирање време и автор на книгата „What the most successful people do before breakfast“ 90% од нив рекле дека во работни денови се будат пред 6 часот наутро. Индра Нооји, извршен директор на Пепси рекла дека се буди во 4 часот наутро и е во канцеларија не подоцна од 7 часот наутро. Додека, извршниот директор на Дизни, Боб Игер се буди во 4:30 за да чита, а извршниот директор на Твитер, Џек Дорси станува во 5:30 за да оди на трчање.

Да, ова звучи навистина ужасно болно, но ако си легнете порано, таа болка од рано станување со текот на времето ќе исчезне. Поука: Продуктивните утра започнуваат со рано будење.

3. Почнете го денот со вежбање

Да, постојат оние супер луѓе кои едноставно копнеат по вежбање пред да изгрее сонцето (или се само навистина добри лажговци). Сепак, за сите останати смртници, будењето во раните зори за да се потиме и да нѐ болат мускулите не звучат баш идеално.

Но, утрото е најдоброто време за вежбање. Кога ќе го започнете денот со вежбање, ќе се спречите од одложување на истото и ќе имате повеќе време во денот за поинакви активности. Гледајте го тоа вака: Ако најзафатените луѓе во светот наоѓаат време за вежбање, можете и вие. Вандеркам спомнува дека извршниот директор на Xeroux, Урсула Барнс закажува тренинг сесија која трае 1 час во 6 часот наутро, два пати неделно.

Претседателот на САД, Барак Обама го започнува секој ден така што има тренинг за зацврстување и кардио, а Џек Дорси, извршниот директор на Твитер прави 3 повторувања од 7-минутно вежбање.

Да бидеме реални, ако претседателот на САД може, можете и вие.

5. Работете на високо приоритетните задачи

Тивките утрински часови се идеално време да се фокусирате на важниот проект од на работа без некој да ви додева. Уште поважно, користење на времето за важни проекти во почетокот од денот ве осигурува дека ќе бидете концентрирани во текот на денот, пред другите – децата, шефот и работниците не ви ја потрошат.

Вандеркам го користи примерот на експерт по бизнис стратегија кој се справил со толку многу состаноци и прекинувања во текот на денот, што мислела дека не може ништо да заврши. Истата личност почнала да го користи раното утро како време за средување проектите и секој ден барала проект со највисок приоритет за да работи на него. Заклучокот? Таа конечно можела да се концентрира.

6. Посвете време на вашето хоби

Лесно е да го прескокнете хобито кога цел ден сте биле на состаноци, гладни сте и уморни и треба да откриете што да вечерате. Токму затоа, голем дел успешни луѓе го користат времето на свое лично задоволство пред да го започнат денот.

Еден професорка по историја на универзитетот во Чикаго ѝ кажала на Вандеркамп дека времето помеѓу 6 и 9 часот наутро го користела за пишување книга поврзана со религиските политика на Западна Африка. Во тој период таа можела да чита извадоци и статии од весници и да напише неколку страни пред да треба да се посвети на своите професорски обврски.

Двоењето време за да пишува и правење навика од тоа значело дека таа навистина ќе го продолжи да го прави тоа.

А, неа ѝ се придружиле и: Лудвиг ван Бетовен, Џон Милтон, Курт Вонегат, Маја Ангелоу и Виктор Иго.

7. Имајте секс (или само разговарајте со партнерот)

Навистина е тешко да поминете квалитетно време со партнерот во текот на вечерта бидејќи сте уморни од активностите во текот на денот. Токму затоа, голем број успешни луѓе конекцијата со партнерот ја сметаат за дел од утринскиот ритуал.

Исто така, Вандеркам се прашува, што е подобро од утрински секс кој ќе ве наполни со енергија за денот кој следи? А, честиот секс ве прави попаметни, ви го зголемува приходот и согорува калории.

Дури и ако не сте расположени за утрински секс, голем број парови таквото време го користат за разговор. На пример, директорот на BlackRock и неговата жена секое утро одат на работа заедно. Тоа време го користат за дискутирање на нивните животи, финансиите, нештата што треба да се направат, нивното домаќинство и плановите за неделата.

8. Уживајте во звукот на тишината

Животот знае да биде луд. Честопати е тешко да најдете слободен момент кој може да си го посветите исклучиво на себеси. Ако секогаш брзате наутро, тогаш тешко е да замислете да имате момент само за себе.

Но, верувајте дека тоа вреди. Пробајте да „резервирате“ неколку минути за себе. Ваквото време може да го искористите за медитација, за визија кон вашиот иден успех, за молење или за да направите ревизија на што сѐ сте благодарни.

Оваа мини пауза може да биде од огромна корист за вас во текот на времето. Топло ви советуваме да ја искористите максимално.

Share this Story
Load More Related Articles
Load More By Sofija Sion
Load More In Едукативно

Facebook Comments

Check Also

Европа vs. Македонија

Живеењето во Македонија, верувале или не, може да ...