Responsive Leaderboard AD Area
Едукативно

4 ефективни совети кои ќе ви помогнат да седнете и да научите без многу мака

Учењето нема да ви создава мака и сето знаење ќе се лепи за вашиот мозок, а вие притоа ќе уживате…

Септември започна, а со него и школската година, што значи време е да седнете да учите повторно. Бидејќи ние знаеме дека тоа навистина не е лесно, смисливме 4 начини како да ви помогнеме. А, тие ќе го направат учењето да биде лесно, брзо и пријатно.

Овие 4 работи ќе ви го олеснат процесот на учење:

uchenje1

1. Јадете суши

Секако дека не треба да го јадете ако не го сакате, но ако сте љубител, слободно навалете. Сировата риба е полна со здрави омега 3 киселини кои го подобруваат помнењето, а додатен плус е што овие мали парчиња риба изгледаат навистина убаво и се практични додека учите.

2. Слушајте тивка музика

Потполниот мир додека учите и не е најдобрата идеја. Баш напротив, докажано е дека класичната музика, звуците од природата и инструменталната музика најдобро одговараат за процесот на учење. Така да, пуштете си Моцарт и загрејте го столчето.

3. Нека не ви е прекомотно

Не треба да се мачите во некоја незгодна позиција, но ако си легнавте и само што се најадовте, веројатно ќе заспиете наместо да учите. Добро е повремено да се растегнете и да прошетате т.е. да го ослободите вишокот ендорфин во вас.

4. Учете на глас

Ова можеби ќе ви биде чудно на почетокот, но учењето на глас, особено како да му предавате или објаснувате на некој е всушност навистина корисно ако сакате побрзо да ги запомнете фактите. Кога работите ги изговарате, поголема е веројатноста дека и полесно ќе ги разберете.

Share this Story
Load More Related Articles
Load More By Sofija Sion
Load More In Едукативно

Facebook Comments

Check Also

Европа vs. Македонија

Живеењето во Македонија, верувале или не, може да ...