Responsive Leaderboard AD Area
Едукативно

20 едноставни трикови со кои облеката и обувките засекогаш ќе ви останат во беспрекорна состојба

Животот е непредвидлив. Може да имате „мали“ проблеми кои знаат да се претворат во вистинска катастрофа – да истурите вино на бела кошула и да не можете да ја отстраните дамката, витално копче да падне и да исчезне, тие нови обувки кои толку многу ги сакавте ви се премногу тесни и сл. Но, немојте да мислите дека тие не можат да се поправат и да ги фрлите.

Еве 20 едноставни трикови кои може да ви помогнат да ја зачувате облеката и обувките во беспрекорна состојба:

1. Користете сок од лимон или сода бикарбона за да се ослободите од потни дамки.

1

 2. За да спречите гужвање на блузите ставете ги да отстојат 3-4 часа во фрижидер.

2

3. За да се ослободите од статичниот електрицитет на облеката, сѐ што треба да направите е да ја избришете облеката со долната страна од обично марамче.

3

4. Може да ја испеглате облеката користејќи пегла за коса.

4

5. За да ги отстраните дамките од течната пудра од светла облека, доволно е да употребите пена за бричење.

5

6. За да ги раширите обувките, треба да турите вода во мали вакум кеси, потоа да ги ставите кесите во обувките и да ги оставите во замрзнувач да отстојат преку вечер.

6

 

7. Ако сакате да направите да исчезне дамката од црвено вино, тогаш турете бело вино и над него додадете сода бикарбона. Оставете да стои 2-3 часа и потоа исперете го парчето облека.

78

8. Ако сакате да спречите изобличување на оригиналната форма на високите чизми, ставете весници внатре во нив.


9

9. За да спречите создавање на плускавици од триење на обувката и ногата, на петиците ставете стик дезодоранс.

10

10. Ако сакате да ја омекнете кожната јакна, намокрете ја кога врне.

11

11. За да се ослободите од дамки од кармин, користете спреј за коса.

12

12. Ако го загубивте винтот од обетката, може да ја искористите гумата од моливот за привремено да ја прицврстите обетката.

13

13. За да избегнете создавање плускавици од нови балетанки, облечете дебели чорапи и облечете ги балетанките. Користете фен на делот каде чувствувате дека балетанките ви се тесни. Неколку пати повторете ја постапката.

14

14. За да го зајакнете олабавениот оквир од очилата за сонце, доволно е да употребите лак за нокти.

15

15. За да ги исчистите обувките од антилоп сѐ што треба да направите е да употребите обична гума.

16

16. Користете брич за да ги отстраните топчињата од облеката.

17

17. Доволен е обичен молив за да го поправите расипаниот патент. Само поминете ги запците од патентот со моливот и патентот повторно ќе работи.

18

18. Измешајте детергент и сода бикарбона. Користете стара четка за заби за да ја нанесете смесата на белиот ѓон од патиките (обувките кои се платнени). Ова е најлесниот начин за одржување.

19 20

19. Користејќи го методот од сликата на лесен начин може да ги пикнете широките фармерки во високите обувки:

21

20. Додадете половина шолја дестилирана киселина за да спречите обелување на темните фармерки.

22

Share this Story
Load More Related Articles
Load More By Sofija Sion
Load More In Едукативно

Facebook Comments

Check Also

Европа vs. Македонија

Живеењето во Македонија, верувале или не, може да ...