Responsive Leaderboard AD Area
#Факти, Едукативно, Интересно

10 Изненадувачки факти за Snapchat

Snapchat

Сите се чини дека имаат Snapchat моментално, но покрај интересните филтери и инстант пораките, што друго е интересно за оваа апликација? Проверете ги топ десет фактите подолу!

1. Пијалоците се популарна функција.
Според неодамнешни статистики, запрепастувачки 93% од Snapchat корисниците имаат пратено слика на некому од нивниот пијалок! Повеќе од 60% од пратените слики се на луѓе што не ни ги познаваат.

2. Победена е само од Facebook
Snapchat стана толку популарна сега, што единствениот ривал им е Facebook. Snapchat редовно се рангира на второто место, веднаш после нашата омилена социјална апликација.

3. Најдобри пријатели или не најдобри пријатели?
Snapchat корисниците отидоа благо побудалени во 2015 година, кога “best friends” функцијата беше тргната. Со ова ажурирање, корисниците можеа да ги видат најдобрите пријатели на другите корисници. 64% од луѓето сеуште сакаа “најдобри пријатели” листата да се врати.

4. Ако од прва не успееш, пробај пак!
Основачите, Еван Спигел, Реги Броун Постер и Боби Марфи, се обиделе со 34 проекти пред да им текне на оваа неверојатна идеа за Snapchat. Нивната идеа била критикувана, но добро направиле што не ги послушале критиките!

5. Оригиналното име било “Picaboo”
Кога прв пат започнале во 2011, била именувана Picaboo, но во 2012 година го смениле името во Snapchat.

6. Има повеќе од 6 билиони слики и видеа на ден
Почнувајќи од 2016, има повеќе од 7 билиони слики и видеа кои се отварани секој ден од Snapchat корисниците. Оваа бројка пораснала од 2 билиони во Мај 2015.

7. Филтерите се едни од најпопуларните функции
Во 2015, Snapchat воведе различни филтери кои корисниците можат да ги додаваат на нивните слики и видеа. Се мисли дека ова придонесе за покачување на популарноста на апликацијата.

8. Жените повеќе ја сакаат отколку мажите
70% од луѓето кои ја користат апликацијата се жени, останувајќи само 30% за машката популација. Од 2014, повеќе од половина од корисниците се помеѓу 13 и 17 годишна возраст.

9. Еван Спигел и Тејлор Свифт?
Помеѓу 2014 и 2015 година, ко-основачот Еван Спигел и поп пејачката Тејлор Свифт наводно имале романса. Дали таа има напишано песна за него се прашуваме?!

10. Facebook навистина го сака Snapchat
Марк Зукерберг прво понудил билион долари за Snapchat, но кога тие одбиле, се вратил со понуда од 3 билиони долари. Snapchat повторно ја одбиле понудата, но тој се вратил и следниот ден ветувајќи чек од 4 билиони долари. Неговата понуда не била прифатена.

Share this Story
Load More Related Articles
Load More By Irina Sm
Load More In #Факти

Facebook Comments

Check Also

#ГласамПротив Интересни илустрации од македонските дизајнери поврзани со моменталната политичка ситуација

Македонија е на прагот од една нова (политичка)раскрсница. ...