Responsive Leaderboard AD Area
Интересно

За да го засилите вкусот: 10 лесни трикови и совети за подготвување кафе

Кафето е огромно задоволство за многу луѓе. Освен неговиот пријатен вкус, совршена арома и моќни придобивки, понекогаш, кафето служи за да ве разбуди. Верувале или не, со кафето можете да бидете многу креативни – постојат толку многу различни типови кафе, секое со различен вкус и арома. Но, можете и сами да подготвите некои нови видови или ако ништо друго, барем да си поиграте со него.

Еве неколку од најдобрите трикови:

1.

Измешајте половина лажиче шеќер ( по можност кафеав). Загрејте го на слаб оган и потоа турете вода. Карамелизираниот шеќер создава уникатен вкус и арома.

2.

За да добиете кафе без талог, во ѓезвето додадете лажиче ладна вода заедно со кафето и почекајте половина минута. Вака, талогот ќе остане долу, а вие ќе добиете чисто кафе.

3.

Дали има нешто подобро од ладно кафе на топол ден? Не, нема. Сигурни сме дека би користеле мраз за да го постигнете ова, а постои многу подобар начин да го оладите кафето. Наместо да користите коцки мраз – кои може да го уништат вкусот на кафето, подобро е да користите ледени коцки кафе. Тие брзо се подготвуваат – сѐ што треба да направите е да турите веќе подготвено кафе во калап за мраз и да го замрзнете. И имате летен освежувачки коктел кој ќе ве наполни со енергија.

4.

Кафето станува уште поубаво кога додаваме зачини во него. Во ѓезвето додадете малку кардамом, ѓумбир, мускатно оревче или цимет и загрејте го на слаб оган. Пијалакот ќе го апсорбира вкусот и аромата на зачините и ќе го направи кафето да биде уште поубаво.


kafesoveti1

5.

Ако сакате да ја засилите аромата на кафето и да го омекнете вкусот, додадете 2-3 мали коцки сол.

6.

Ако сакате да постигнете максимално богат и горчлив вкус, веднаш штом кафето почне да вари, тргнете го ѓезвето од ринглата. Отстранете ја пената, измешајте го кафето и потоа повторно вратете го назад на рингла. Кафето ќе има најдобар вкус ако постапката ја повторите 3 пати.

7.

Кафето освен што е пијалак, може да биде и во форма на храна – сладолед на пример.

kafesoveti2

8.

Ако целите кон помек вкус, при подготовката, додадете половина лажиче путер.

9.

Ако преферирате кафе без кофеин, во кафето, додадете 2-3 зрна кардамом. Овој зачин го уништува кофеинот без да ги наруши или промени бенефициите на кафето и плус на вашиот пијалак му дава убава зачинета арома.

10.

За да добиете најдобар вкус и арома од мелено кафе, загрејте го кафето половина минута без да додадете вода.

Share this Story
Load More Related Articles
Load More By Sofija Sion
Load More In Интересно

Facebook Comments

Check Also

#ГласамПротив Интересни илустрации од македонските дизајнери поврзани со моменталната политичка ситуација

Македонија е на прагот од една нова (политичка)раскрсница. ...