Responsive Leaderboard AD Area
Едукативно

Внимателно читајте ги декларациите: Називи кои задолжително треба да ги избегнувате

Секојдневно пронаоѓаме чудни состојки на декларациите со непознати и необични имиња, а и повеќето од нив се тешки за читање. Но, што всушност тие значат, за што служат и дали се добри или штетни за нашето здравје?

Прочитајте подолу и откријте:

deklaracija1

1.MSG

Мононатриум глутамат (MSG или E621) е засилувач на вкус кој е најзастапен во индустриските производи како инстант супа и месните преработки. Иако не е докажано дека има штетно влијание на здравјето, сепак постојат предупредувања дека консумацијата на храна која содржи MSG може да предизвика симптоми како главоболка и мачнина.

2. E951

Бидејќи немаат енергетска вредност, а даваат интензивен вкус на слатко, засладувачите се сеприсутни на пазарот и се наоѓаат во бројни прехранбени производи. Нивната примена позитивно може да се одрази кај луѓе кои се на редукциски диети и кај луѓе кои боледуваат од дијабетес.

Но, некои засладувачи како аспартамата (E951) се потенцијално штетни по здравјето и поради тоа се предмет на бројни истражувања, но за многу од нив не постојат научни докази за штетноста – па затоа нивната употреба во индустриите е многу раширена.

3. Транс масни киселини

Тие настануваат од делумна хидрогенација на билните масла. Декларацијата на производот на која делумно хидрогенираните масла се наоѓаат на едно од првите три места на листата на состојки во главно содржат и поголеми количини транс масни киселини. Тие имаат неповолно влијание на здравјето затоа што го повишуваат лошиот LDL холестерол кој допринесува за ризик од срцеви заболувања.

4. Нитрити и нитрати

Нитритите и нитратите се конзерванси кои најчесто се користат за производство на сувомеснати производи, сирења и солена риба. Во организмот можат да го попречат транспортот на кислород во крвта – затоа се препорачува избегнување на производи кои ги содржат, а особено осетливи на нив се децата.

5. E102 и E123

Во одредени земји употребата на прехранбени бои како тартразин (Е102) и амарант (Е123) е забранета поради сомнеж дека предизвикуваат различни здравствени тегоби. При избор на производ, предноста секогаш треба да им ја дадете на природни бои како што се екстрактот од пиперки (Е160c) и куркумата (Е100)

 

Share this Story
Load More Related Articles
Load More By Sofija Sion
Load More In Едукативно

Facebook Comments

Check Also

Европа vs. Македонија

Живеењето во Македонија, верувале или не, може да ...