Responsive Leaderboard AD Area
Интересно

Според Кинеската Медицина: Што Означува Болката во Секој Дел од Телото?

Денес, физичката болка претставува проблем кој многу луѓе го решаваат со помош на западната медицина. Но, кога ќе се повредиме, тоа не толку едноставно како пиење апче. Нашето метафизичка состојба испраќа порака на нашето физичко тело каде нашата енергија и спиритуалност живеат.

Ваквите пораки честопати се погрешно интерпретирани и наместо подлабоко да го истражиме проблемот, ние остануваме на тоа што го знаеме – т.е. модерната медицина.

Западњачкиот пристап со болката се справува преку лекови и хирургија – вкочанување, пренасочување на рецепторите за болка или сечење на орган. Овој стил можеби е оправдан под акутни услови, но таквите ситуации се многу ретки.

Од друга страна, источната медицина тврди физичката болка служи за да го предупреди човекот дека постои емоционална работа која треба да се заврши. Исто така, постојат енергетски нивоа поврзани со холистичко заздравување на поединецот – физичко, емоционално, психичко и спиритуално.


Ако чувствувате болка во некој од овие делови од телото, тогаш тоа се обидува да ви пренесе некаква порака. А, ова се дел од тие пораки:

bolka1


Глава

Главоболка – Честа болка со која се соочуваат голем број луѓе, таа означува одвојување на вистината. Кинеската медицина предлага дека пораката што телото се обидува да ви ја пренесе зависи од типот на главоболката:

Вертекс – горниот дел од главата претставува нашата врска со спиритуалноста и потполна и чиста среќа. Ако чувствувате болки во овој дел, тогаш тоа е поврзано со одвојување од божественото.

Чело – челото ја претставува нашата интуиција, имагинација, мудрост и способноста за размислување и донесување одлуки. Болката во пределот на веѓите означува одвојување од вашето внатрешно јас.

Слепоочници – Болката во страничните делови на главата се поврзува со страв од соочување со светот. Мигрените, кои типично се одвиваат во предните квадранти, леви или десни, се поврзани со одвојување на личноста.

(Според кинеската медицина) силната болка зад очите и чувствителноста на светлина се поврзува со опструкција на Меридијаните кои предизвикуваат прекинување на крвотокот и на ки-то во главата.

Тил – Чувството на болка во задниот дел од главата значи дека постои нешто од вашето минато што не е завршено и е непростено. Овој дел, уште познат како седиште на спиритуалните искуства, болката настанува како резултат на немање волја да погледнете што е она што неразрешено.


Грб

`Рбет – `Рбетот е најголемиот систем за поддршка на телото и болката во овој предел, како разните искривувања, претставуваат погрешна подреденост на животот. Спазмите, се поврзуваат со неспособноста да се прифати поддршката која ја имаме во овој дел.

Раменици – Кога сме под некаква тензија, а со тоа нашите раменици се креваат. Болката во рамениците се поврзува со товар и одговорности, поточно немањето волја да се преземе одговорност и да се продолжи понатаму.

Кинеската медицина верува дека задниот дел од телото е Јанг страната – активна, агресивна… Таа го претставува притисокот на минатото, кое е зад нас. Болките во грбот може да претставуваат конфликт поврзан со продолжување понатаму.

Средина на грбот – Овој дел служи како врска помеѓу рамениците и долниот дел од гброт и може да стане слабост како резултат на тензија во рамениците. Тежината на одговорностите може да предизвика болки токму во овој дел.

Долниот дел на грбот – Поврзан со поддршка – финансиска поддршка, емоционална поддршка на семејството и пријателите и поддршка од божественото – овде, болката може да индицира дека сте презеле повеќе отколку што можете да се справите.

Сакрум – Болката во сакрумот претставува страв од барање помош, како и одлуката да седнете и да се сожалувате, отколку да станете и да преземете нешто.


Нозе

Колкови – Бидејќи процесот на одење се потпира на туркање на колкот нанапред и потоа истото и на ногата, болката во овој дел означува премногу брзо движење низ животот. Колковите се претстава за одлуките, особено затоа што тие се однесуваат на движењето напред . Можеби треба да застанете, да погледнете наоколу и да забавите пред да направите уште некој чекор.

Бутови – Врската помеѓу колковите и колената , (колената означуваат гордост) болката во бутовите е поврзана со одделување на нашите желби, одлука да се продолжи понатаму и страв од неуспех.

Колена – Тие ја претставуваат нашата гордост и болката овде се поврзува со вашето одбивање да признаете страв. Колената исто така претставуваат понизност – што претставува мудрост да се предадете кога ќе настанат промени.

Потколеница – Гледано како слаба точка, потколеницате (најчесто коската) е најтврдата супстанција во телото која сепак може да биде многу нежна и кршлива. Кога искусувате болка во потколеното, тоа е знак на страв од иднината или желба да не продолжите понатаму.

Зглобови – Означувајќи ја флексибилноста, движењето и насоката, болката во зглобовите се поврзува со одбивањето да продолжите да се движите напред поради промени.

Стапала – Симболизирајќи ја нашата врска со Мајка Природа, болките во стапалата ја претставуваат врската со вашата мајка – поточно одделување од оној што ве родил.

Грло – Центарот на комуникација, самоизразување на чувства и вистината, болката овде е знак дека не го живеете животот со вашиот вистински идентитет. Кога ја сокривате, наместо да ја кажете вашата реалност, во грлото се создава притисок и така чувствувате болки во грлото.

Гради – Претставуваат одгледување и потхранување на врската со „здив на животот“, Кинеската медицина смета дека предниот дел од телото е Јин страната. Болките во градите се сметаат како одрекување од женствениот принцип да ги потхранувате другите, а и себеси.

Стомак – Стомакот претставува дигестија на промена – новите идеи и новите начини за правење на работите. Метафизички, ние обработуваме нови концепти исто како тоа што го правиме со храната. Ја голтаме идејата, ја разложуваме и апсорбираме она што ни е потребно за да се нахраниме себеси. Исто како што јадеме добро за оптимално здравје, подеднакво исто секојдневно мораме да ја потхрануваме нашата метафизичка состојба. Болката во стомакот е индикатор на страв од новото и неспособноста да се прифатат новите случувања.

Плексус – Знак на себевреднување и самодоверба , болката во плексусот ги претставува конфликтите во вашиот живот. Кога чувствувате болка во тој предел тоа значи дека имате намалена самодоверба и Негативното Его ви ја одзема самодовербата и ве спречува да успеете.

Share this Story
Load More Related Articles
Load More By Sofija Sion
Load More In Интересно

Facebook Comments

Check Also

#ГласамПротив Интересни илустрации од македонските дизајнери поврзани со моменталната политичка ситуација

Македонија е на прагот од една нова (политичка)раскрсница. ...