Responsive Leaderboard AD Area
Интересно

Совршена илузија: Подземен водопад на островот Маурициус

Маурициус е островска нација во Индискиот Океан на околу 2000 километри од југоисточниот брег на африканскиот континент. Маурициус прв пат бил откриен од Арапите во 975 година, а потоа и од Португалците помеѓу 1507 и 1513. Од тогаш, овој остров претрпел разни колонизации меѓу кои и од Французите, Холанѓаните и Британците. Островот прогласил независност во 1968 и станал република во 1992.

vodopad3

Во југозападниот дел од островот ќе пронајдете фасцинантна илузија. Гледано одозгора, остатоци и наноси од песок создаваат импресија на „подземен водопад“. Сателитските слики се подеднакво драматични бидејќи јасно се гледа подводниот вртлог кој се појавува на брегот од овој тропски рај.

vodopad2

„Подземниот водопад“ е всушност песок од брегот кој е носен од океанските струи кон крајбрежниот појас до темните океански длабочини.

vodopad1

Share this Story
Load More Related Articles
Load More By Sofija Sion
Load More In Интересно

Facebook Comments

Check Also

#ГласамПротив Интересни илустрации од македонските дизајнери поврзани со моменталната политичка ситуација

Македонија е на прагот од една нова (политичка)раскрсница. ...