Responsive Leaderboard AD Area
Едукативно

Акупресура на увото: Со притискање на една точка може засекогаш да се ослободите од стресот

Симптомите на стрес се многубројни и често непријатни. Главоболка, проблеми со варењето, несоница и нервоза се само дел од проблемите кои можете да ги решите за само неколку минути.  А сѐ што треба да направите е да притиснете една точка.

use1

Стресот е секојдневна појава која ја доживуваат голем број луѓе. Освен нервозата, стресот има и други физички симптоми како: главоболка, недостаток на енергија, пад на имунитетот, па дури и проблеми со варењето.

Кинеската метода на лечење позната како акупресура објаснува дека на телото постојат одредени антистрес точки со чија симулација телото започнува да се опушта и да се ослободува од стресот. Една од нив е Shen Men. Shen Men во слободен превод значи „врата на рајот“, а со притисок на оваа точка се намалува стресот, се зголемува енергијата, се зајакнува имунитетот и се ублажува чувството на болка.

Точката се наоѓа на внатрешниот горен дел од увото, а таа се активира со нежно триење. Искористете ја Shen Men  масажата за да го релаксирате телото и духот:

  1. Со стапче за уши, притиснете ја точката на школката и нежно масирајте.
  2. Дишете длабоко и полека и слушајте го вдишувањето и издишувањето.
  3. Додека вдишувате гледајте во левата, а во текот на издишување гледајте на десната страна, но без да ја движите главата.
  4. Постепено ќе почнете да чувствувате како телото ви се опушта, а симптомите на стрес се намалуваат.

Плус совети:

  1. Точката на школката може да ја масирате и со врвовите од прстите.
  2. Масирајте ја точката секој пат кога чувствувате дека сте под голем стрес.
  3. Оваа постапка може да се повторува секој ден пред спиење.
Share this Story
Load More Related Articles
Load More By Sofija Sion
Load More In Едукативно

Facebook Comments

Check Also

Европа vs. Македонија

Живеењето во Македонија, верувале или не, може да ...