Responsive Leaderboard AD Area
Интересно

Штетно или не: Што всушност се случува кога ги пукате зглобовите на рацете?

Крцкањето на прстите е честа навика на голем број луѓе. Некои тврдат дека тоа е штетно и се оштетува `рскавицата, а некои тврдат дека тоа е безбедно. Научниците од UC Davis Medical Center во САД имале за цел да откријат какво влијание има ваквата навика врз зглобовите.

Еве што всушност се случува во зглобовите:
zglob2

Благо кажано, зглобот е местото каде се поврзуваат двете коски со помош на зглобна капсула која е полна со течност. Кога ги крцкаме зглобовите на прстите, просторот помеѓу нашите коски се шири. Зглобната течност не може да ја пополни празнината, тоа доведува до опаѓање на внатрешниот притисок и се појавува балонче кое е полно со гас. Од тука, звукот што го слушаме е пукањето на ваквото балонче.

zglob1

Роберт Д.Бутен – радиолог, и Роберт Сзабо – хирург, ги анализирале податоците кои ги добиле од 40 испитаници. 30 од нив имале навика да ги крцкаат зглобовите, додека другите 10 никогаш не го направиле ова, барем не намерно.

На крајот, веднаш по крцкањето, амплитудата на движењето на зглобовите се зголемила – што значи дека ова е еден вид загревање за зглобовите. Тоа може да биде добра превентивна тактика за болести на зглобовите, но ваквиот проблем треба уште да се истражува.

Тестирањето исто така покажало дека оние кои сакаат да ги крцкаат прстите не страдаат од отекување, артритис и други болести на зглобовите.

Но, без разлика на сите позитивни аспекти од оваа навика, сепак треба да имате на ум дека тоа може да биде симптом на невроза.

Share this Story
Load More Related Articles
Load More By Sofija Sion
Load More In Интересно

Facebook Comments

Check Also

#ГласамПротив Интересни илустрации од македонските дизајнери поврзани со моменталната политичка ситуација

Македонија е на прагот од една нова (политичка)раскрсница. ...