Responsive Leaderboard AD Area
Интересно

Истражување: Човечката популација ќе изнесува 9,9 милијарди луѓе до 2050?!

Со години експертите тврдат дека човечката популација се зголемува со неверојатна брзина, но можеби нејзиното забрзување стана уште поголемо од претходните предвидувања.

populacija1

Според нов извештај од Population Reference Bureau (PRB) светската популација може да достигне до 9,9 милијарди жители до 2050 година.

Според денешните проценки, светот има 7,6 милијарди луѓе, па ако пресметате математички, глобалната популација може да се зголеми за 33% во следните 35 години.

Постојат неколку причини зошто светската популација се зголемува со ваква брзина. Прво, благодарение на напредокот во здравството, исхраната и пристапот до храна, луѓето живеат подолго од било кога досега. Извештајот на ОН додава дека поголем број на луѓе успеваат да преживеат до репродуктивна возраст и дека има зголемена миграција на побезбедни и поразвиени предели.

Според извештајот на PRB, регионот за кој се смета дека има најголем и најбрз раст на популацијата за следните 35 години е Африка. А, до 2050 се смета дека популацијата на Нигерија ќе се дуплира.

Овие истражувања се поддржани со факти:

„Се очекува дека повеќе од половина од глобалниот раст на популацијата помеѓу сега и 2050 ќе се случи во Африка. А, од дополнителните 2,4 милијарди луѓе кои се предвидува дека ќе бидат додадени на глобалната популација помеѓу 2015 и 2050, 1,3 милијарди ќе бидат додадени во Африка.“ – вели ОН во 2015.

Брзиот раст на популацијата претставува предизвик за идните генерации бидејќи тоа може да значи недостаток на ресурси како што е чистата вода и храната. Со сите тие луѓе, можеби е навистина време да размислиме за преселување на Марс.

Share this Story
Load More Related Articles
Load More By Sofija Sion
Load More In Интересно

Facebook Comments

Check Also

#ГласамПротив Интересни илустрации од македонските дизајнери поврзани со моменталната политичка ситуација

Македонија е на прагот од една нова (политичка)раскрсница. ...