Responsive Leaderboard AD Area
Интересно

Полнач Кој Ви го Полни Телефонот Додека Тој Лебди Во Воздухот

Смачено ви е да го полните телефонот со жици и гравитација? Ако одговорот е „да“, тогаш крајот на вашето патење можеби е тука.

polnac1

Или се работи за некоја темна магија или за врвот од технологијата (некако посигурно дека се работи за второто) но едно е сигурно – за кратко време ќе можете телефонот да го полните додека тој лебди во воздухот.

Користејќи магнетна суспензија, полначот прави телефонот да може да лебди над мазна дрвена база и полека го ротира во воздухот, додека уредот се полни.

OvRcharge уредот, кој моментално е сѐ популарен на Kickstarter, веќе е на половина од својата 40.000 долари цел. Како што покажува видеото, системот е составен од 2 главни компоненти – дрвена база за полнење и футрола за телефон која има рисивер и магнет.

Пакувањето е стандардно, иако не е познато дали магнетот може да се отстрани и футролата одделно да се користи.

Уште поинтересно, кога батеријата е комплетно полна, полнењето престанува, а телефонот продолжува да лебди и бавно да се врти.

Поради огромниот број на различни смартфони на пазарот, не сите ќе бидат компатибилни. AR Desings, магионичарите зад ова интересно парче технологија, велат дека ваквите футроли ќе бидат наменети за најпопуларните брендови (читај: Apple и Samsung), но другите ќе можат да најдат некои слични верзии.

Share this Story
Load More Related Articles
Load More By Sofija Sion
Load More In Интересно

Facebook Comments

Check Also

#ГласамПротив Интересни илустрации од македонските дизајнери поврзани со моменталната политичка ситуација

Македонија е на прагот од една нова (политичка)раскрсница. ...