Responsive Leaderboard AD Area
Едукативно

Ни помага да останеме во добра форма: 10 причини зошто треба почесто да се гушкате

Прегратките освен што создаваат пријатно чувство, имаат и позитивни ефекти врз умот и телото. Овој феномен долго време бил проучуван и докажуван од голем број научници.

А, еве еден мал потсетник зошто  треба уште веднаш да прегнете некој:

1

Прегратките кои траат 20 секунди или повеќе имаат терапевтски ефект кој позитивно влијае врз нашето тело и ни помага да се справиме со болестите.


2

Прегратките поттикнуваат поддршка и емпатија, а тоа прави да се чувствуваме сакано и ни помага да ја потиснеме желбата за емотивната празнина да ја исполниме со вкусна, но нездрава храна.


3

Така што се намалува нивото на стрес и ги победува со процесите на воспалување, прегрнувањето ги тера природните механизми на стареење да се одвиваат со побавно темпо.


4

Прегратките го подобруваат нашето расположение и ни помагаат да ги наполниме батериите за продуктивен работен ден.


5

Наполнети со позитивна енергија, нашите тела и мозоци сигурно ќе се справат со било каков предизвик и ќе најдат излез дури и од најстрашните ситуации.


6

Гушкањето предизвикува нашето тело активно да секретира окситоцин – хормонот кој нѐ полни со радост и го потпомага зацврстувањето на емотивните врски помеѓу партнерите или членови на семејството.


7

Прегратките не само што го намалуваат синтетизирањето кортизол – хормонот кој создава стрес, туку и го зголемуваат создавањето на серотонин, хормонот кој се поврзува со добро расположение и чувство на среќа. Сето ова служи за да се смири нервниот систем и да се подобри целокупната емоционална состојба.


8

Актот на прегрнување има смирувачко влијание на срцето и на нервниот систем. При прегрнување, нервите ни се смируваат и се ослободуваме од насобраниот стрес и тензија.


9

Прегратките прават да се чувствуваме безбедно. Предизвикуваат да бидеме помалку подложни на стравови и несигурности. Ваквата реакција е дел од нашиот инстинкт – прегратката ни помага на потсвесно ниво и ни обезбедува поддршка при соочување со тешки ситуации.


10

Прегратките се универзален начин на кој се изразува грижа, љубов и поддршка за саканите – без разлика кој јазик го говорите.

Share this Story
Load More Related Articles
Load More By Sofija Sion
Load More In Едукативно

Facebook Comments

Check Also

Европа vs. Македонија

Живеењето во Македонија, верувале или не, може да ...