Responsive Leaderboard AD Area
Интересно

Навистина делува: Трик од 1 минута која ќе ги замолчи негативните мисли

Стресот стана дел од нашето секојдневие. Нашиот мозок во текот на денот процесира 40 до 60 илјади мисли, а поголемиот дел од нив се грижи – работи кои се случиле, кои се случуваат или што ќе се случат. Негативните мисли се оние кои постојано се повторуваат – што значи најмногу нѐ окупираат и заморуваат.

stres1

Токму поради тоа, мозокот се преоптоварува, а последица од тоа е силно чувство на замор, исцрпеност и нервоза, поради што на крај од денот стануваме мрзоволни и нерасположени.

Но, благодарение на едноставен трик кој трае само 1 миута, стресот може да стане минато,а вашиот ум повторно да биде бистар и позитивен. Станува збор за техника која го фокусира мозокот на други ситуации – му наредува да ги заборави стресните мисли.

Оваа техника може да ја употребите на било кое место, а ќе ви помогне да ги контролирате мислите и да ја испразните главата:

  1. Затворете ги очите и фокусирајте се на звуците околу вас – бебињатакои плачат, колегите кои типкаат по тастатура, автомобили и сообраќај…
  2. Вдишете и издишете длабоко – како кога сакате да се концентрирате.
  3. Продолжете со длабоко дишење пет пати со ред и максимално фокусирајте се на тоа.
  4. Во текот на дишењето, слушајте го воздухот кој влегува вашето тело низ ноздрите, додека се полнат вашите гради, па сѐ до излегувањето на воздухот при издишување. Пробајте да почувствувате дали воздухот е топол или ладен.
  5. Со помош на сетилото за слух вашиот мозок на момент ќе ги застане негативните мисли.
Share this Story
Load More Related Articles
Load More By Sofija Sion
Load More In Интересно

Facebook Comments

Check Also

#ГласамПротив Интересни илустрации од македонските дизајнери поврзани со моменталната политичка ситуација

Македонија е на прагот од една нова (политичка)раскрсница. ...