Responsive Leaderboard AD Area
Интересно

Кујните низ светот: Што може да јадете во различни земји за 1 600 денари (30 долари)?

Да бидеме реални: ние како нација не сме баш богати, па затоа е добро да знаете што можете да јадете и пиете во одредени земји од светот. Навистина е интересно да дознаете во кои земји 1 600 денари (30 долари) се малку, а во кои земји и сосема доволни.

Погледнете ја листата:

1. Швајцарија

6229460-1-1471524437-800-abab86e331-1-1472109353

Швајцарија е една од најскапите европски земји. Оваа скромна вечера е максимумот што може да го добиете во евтин ресторан со национална кујна. Ако сакате нешто похранливо, може да ја испробате италијанската, кинеската и турската кујна која овде е навистина застапена.

2. Јапонија

japonija

Во моментов во Јапонија, кулинарскиот туризам е подем. Тоа е така бидејќи јапонската храна не е многу зачинета и е прифатлива и за источните земји, но и за туристите од западните земји. Исто така, голем број ресторани имаат барем една Мишелин ѕвездичка. А, најпозната храна секако е локалната морска храна.

3. Италија

italija

Италијанската кујна се смета за една од најдобрите во светот, но неискусниот турист ќе наиде на тешкотии при лоцирање на ресторан каде за умерена цена може добро да се најаде. Првиот избор на вистинските гурмани ќе бидат домашните тратории, остерии и пицерии со карирани чаршафи добро скриени во италијанските гратчиња. Не само што може да јадете традиционална италијанска храна, туку може да вкусите и домашно италијанско вино.

4. Канада

Kanada

Тешко е да се зборува за канадската кујна бидејќи поради светските имиграции таа е спој од различни култури. Разликата во цените помеѓу големите градови и малите гратчиња е драстична. Оваа слика претставува нарачка во семеен ресторан во Торонто за 1 600 денари (30 долари)

5. Франција

francija

Кога станува збор за кујни, Франција е најпрефинетата земја. Цените зависат од нивото и локацијата на ресторанот – исто како и во сите други земји. Оваа вечера може да ја имате за 1 600 денари (30 долари) во солиден, евтин ресторан кој е драстично далеку од центарот. А, и француското вино не смеете да го пропуштите.

6. Шпанија

Shpanija

Во Шпанија за 1 600 денари (30 долари) може да имате убава вечера во евтин ресторан. Или може да пробате традиционална шпанска храна со локално вино во тапас бар каде добро ќе се најадете.

7. Јамајка

Jamajka

Јамајканската кујна не само што е егзотична и разновидна таа е и средно-евтина. Рестораните од средната класа нудат оброк како горенаведениот, плус гурманска морска храна што би ве чинела барем двојно во секој европски ресторан.

8. Австралија

Avstralija

Со оглед на тоа што Австралија не е многу скапа, лесно може да имате добра и квалитетна вечера во скоро секој австралиски ресторан. Треба да се напомени дека постојат многу ресторани кои немаат дозвола за продавање алкохол, но дозволуваат носење на свој. Вечерата во ваквите места е многу поевтина.

9. Грција

Grcija

Нашиот јужен сосед е дом на една од најдревните и најпрефинети кујни во светот. Локалните ресторани и таверни ќе ве восхитат со своите ниски цени – особено во јужните делови и во местата каде нема многу туристи, а порциите се прилично големи.

10. Мексико

meksiko

Цените во евтините мексикански ресторани (оние кои се настрана од туристичките атракции) се прилично евтини и поразлични од европските. За 1 600 денари (30 долари) може да порачате било кое од познатите зачинети јадења со месо – и тоа не само една порција.

11. Индија

indija

Најдобрите опции за јадење во Индија се локалните ресторани бидејќи храната се готви во поприфатливи и посанитарни услови. Но, дури и најскапите ресторани нудат добра храна за малку пари. Дури, за 1 600 денари (30 долари) може да добиете вечера за повеќе луѓе.

12. Македонија

makedonija

Како што веќе знаете, кога станува збор за храна, македонските цени се меѓу најниските во Европа. Плус нашата кујна е едноставна, исполнувачка и вкусна. На македонската трпеза секогаш ќе најдете свеж леб, зеленило и различни типови сирење и кашкавал. Ако имате само 1 600 денари, тогаш лесно може да се најадете.

Share this Story
Load More Related Articles
Load More By Sofija Sion
Load More In Интересно

Facebook Comments

Check Also

#ГласамПротив Интересни илустрации од македонските дизајнери поврзани со моменталната политичка ситуација

Македонија е на прагот од една нова (политичка)раскрсница. ...