Responsive Leaderboard AD Area
#Факти, Едукативно

Кога-тогаш ќе ја голтне Земјата: 15 интересни факти за Сонцето

Во текот на човечката историја, Сонцето било предмет на страв и обожување. Она што нашите предци го знаеле е дека Сонцето е витална состојка за поголемиот дел од животот на Земјата. Без енергија која ја добиваме преку сончевата светлина, вегетацијата не може да расте, а без вегетација, животните немаат извор на храна. Но, она што ние го знаеме денес, а нашите предци не, е најголемиот доказ за тоа колку сончевото влијание ни е значајно.

А, ова се уште неколку интересни факти кои го потврдуваат тоа:

sonce1

1.

Сонцето е одговорно за 99,86% од масата на соларниот систем. Тоа има маса околу 330.000 пати поголема од онаа на Земјата. Тоа е составено од ¾ водород, а остатокот од масата е хелиум.

2.

Повеќе од 1 милион Земји можат да „влезат“ внатре во Сонцето. Ако сакате длабнатото Сонце да го исполните со сферични Земји, ќе ви се потребни околу 960.000 Земји. Но, ако ги згмечите тие Земји, (за да се осигурете дека нема непотребен простор) тогаш 1.300.000 Земји може да „влезат“ во Сонцето. Површината на Сонцето е 11.990 пати поголема од таа на Земјата.

3.

Еден ден Сонцето ќе ја консумира Земјата. Сонцето ќе продолжи да гори уште околу 130 милиони години. Тогаш тоа ќе го потроши целиот водород и ќе почне да гори хелиум. За тоа време, Сонцето ќе се прошири толку многу што ќе ги „голтне“ Меркур, Венера и Земјата. Кога ќе дојде до овој стадиум, тоа ќе стане џиновска црвена ѕвезда.

4.

Енергијата која ја создава јадрото на Сонцето е нуклеарна фузија. Оваа огромна количина енергија се произведува кога 4 водородни нуклеи се комбинираат во еден нуклеус од хелиум.

5.

Сонцето е скоро совршена сфера. Имајќи ја во предвид големината на Сонцето, постои само 10 km разлика помеѓу поларниот и екваторалниот дијаметар – а тоа го прави Сонцето да биде најблиското тело до природна совршена сфера.

6.

Сонцето патува 220 km/h во секунда. Тоа е оддалечено околу 24.000-26.000 светлосни години од галактичкиот центар и на Сонцето му се потребни 225-250 милиони години за еднаш да орбитира околу центарот на Млечниот пат.

7.

Со текот на времето, Сонцето ќе дојде до големина како таа на Земјата. Откако Сонцето ќе ја заврши својата фаза како џиновска црвена ѕвезда, тоа ќе почне да колабира. Неговата огромна маса ќе се намали, но ќе има волумен сличен како оној на Земјата. Кога тоа ќе се случи, Сонцето ќе биде познато како бело џуџе.

8.

Потребни се 8 минути за сончевата светлина да дојде до Земјата. Просечната далечина од Сонцето до Земјата е околу 150 милиони километри. Светлината патува со брзина од 300.000 километри во секунда, па кога ќе го поделите едното со другото, добивате 500 секунди – т.е. 8 минути и 20 секунди. Оваа енергија може да стигне до Земјата за само неколку минути, но потребни се милиони години за светлината да стигне од сончевото јадро до неговата површина.

9.

Сонцето „проживеало“ половина од неговиот живот. Бидејќи e 4,5 милијарди години старо, Сонцето веќе потрошило половина од своите водородни резерви и има доволно за да продолжи да гори водород уште 5 милијарди години. Во моментот Сонцето се наоѓа во фазата на жолта џуџеста ѕвезда.

10.

Оддалеченоста помеѓу Земјата и Сонцето е променлива. Тоа е така бидејќи Земјата патува по елиптична орбита околу Сонцето. Оддалеченоста помеѓу Земјата и Сонцето варира од 147 до 152 милиони километри. Оваа оддалеченост уште се нарекува астрономска единица (AU).

11.

Сонцето се ротира во обратната насока од Земјата – Сонцето се ротира од запад кон исток, за разлика од Земјата која ротира од исток кон запад.

12.

Сонцето се ротира побрзо кон екваторот отколку кон половите. Оваа е познато како диференцијална ротација.

13.

Температурите внатре во Сонцето достигнуваат до 15 милиони Целзиусови степени. Енергијата која се создава преку нуклеарната фузија во сончевото јадро е всушност претворањето на водород во хелиум – и бидејќи предметите се шират, да немаше огромна гравитација, Сонцето ќе експлодираше како огромна бомба.

14.

Сонцето создава соларни ветрови. Тие се исфрлена плазма која потекнува од короната на сонцето и тие можат да патуваат низ соларниот систем со брзина до 450km/s.

15.

Аурора Бореалис и Арора Аустралис се предизвикани од интеракцијата на соларните ветрови со атмосферата на Земјата.

Share this Story
Load More Related Articles
Load More By Sofija Sion
Load More In #Факти

Facebook Comments

Check Also

Европа vs. Македонија

Живеењето во Македонија, верувале или не, може да ...