Responsive Leaderboard AD Area
Едукативно

Како Влијае Расизмот врз Жртвата?

Верувале или не, расизмот денес сѐ уште претставува голем проблем со кој огромен број луѓе се соочуваат. Исто така расизмот има големо влијание врз здравјето на оној кој е дискриминиран. Од психички проблеми, до физички проблеми, еве што се случува со телото на човек кој е нападнат од расист:

rasizam1

Сара Занг за Wired News тврди дека афроамериканците, азијатите и другите малцинства се соочуваат со поголеми шанси за дијабетес, висок крвен притисок и кардиоваскуларни болести. А, кога станува збор за психичко здравје, истражувањата покажуваат дека колку е поголем бројот на инциденти поврзани со расизам толку повеќе се појавуваат поголеми знаци на депресија и анксиозност.

Исто така, научно докажано е дека расизмот создава стрес. Докторите потврдуваат дека стресот може да предизвика разурнувачки ефект на телото и умот на човекот.

Моментално, голем број истражувања ги поврзуваат луѓето кои искусиле расизам со послабо здравје и проблеми како депресија, слабеење и кардиоваскуларни болести.

Истражувачите веруваат дека дури и суптилниот расизам е штетен. Во едно истражување од 2012, истражувачите го споредиле напредокот на ученици кои се обидувале да решат едноставна задача откако искусиле суптилен или силен расизам од личноста која седела веднаш до нив.

Оние кои биле подложени на суптилен расизам имале полоши резултати од оние кои биле изложени на силниот расизам. Експертите веруваат дека луѓето кои имале шок предизвикан од расизам имаат проблеми со здравјето – едно прелиминарно истражување во 2010 ги евидентирало симптомите на пострауматичен стрес кај ученици кои не само што искусиле, туку и биле сведоци на расистички инциденти. А се заклучува дека колку полоши биле инцидентите – толку поголеми биле знаците на траума.

Еден од професорите на Human Ecology and Africana Studies во Ратгерс, Њу Џерси – Наа Ојо Квате ги потврдува истражувањата кои тврдат дека луѓето кои искусуваат расизам имаат поголеми шанси да имаат слабо здравје.

„Влијанието на расизмот во текот на животниот век ја забавува работата на органите и ткивата – особено кардиоваскуларниот систем и предизвикува рана смрт. “ – вели професорот Квате.

Од тука, се доаѓа до заклучок дека искусувањето на расизам – без разлика дали физичко или психичко насилство, без разлика дали суптилно или силно, го отежнува животот. Стресот станува „алостатички товар“ кој го нарушува нормалното функционирање на телото. А, докторите велат дека поголем стрес води до повеќе кортизол во телото, а тој го зголемува ризикот од кардиоваскуларни болести.

 

Share this Story
Load More Related Articles
Load More By Sofija Sion
Load More In Едукативно

Facebook Comments

Check Also

Европа vs. Македонија

Живеењето во Македонија, верувале или не, може да ...