Responsive Leaderboard AD Area
Едукативно

Како да препознаете манипулатор: Дали сте манипулирани во моментов?

Некои луѓе секогаш ќе се обидуваат да ги остварат своите цели користејќи ги сите можни средства. Таквите луѓе се викаат манипулатори, а можете да ги пронајдете во облик на пријатели, познаници, партнери или колеги.

А, еве како да ги препознаете овие опасни луѓе:

manipulacija1

1. Манипулирале и други луѓе пред вас

Дали некогаш сте фатиле блиска личност во лага која се однесувала на некој друг? Дали таа личност честопати има негативен став за голем дел од работите за кои разговарате? Дали таа личност ширела тешки озборувања за некој, без разлика дали се тие вистинити или не?

Ова се само некои од основните прашања кои мора да си ги поставите ако се сомневате дека пријателот, колегата или партнерот манипулира со вашите чувства.

Манипулаторите се индивидуалисти. Тие често мислат дека се попаметни и подобри од другите – токму поради тоа имаат причина да се редат себеси на пиедестал. Ако забележите дека во разговорот со таквата личност постојано се испитува нечија способност, интелигенција или карактер, знајте дека постојат големи шанси дека таквиот манипулатор и вам може нешто да ви направи зад грб.

2. Тие се брзи и на зборови и на дела

Манипулаторот на најбрз начин ќе се обиде да влијае на вашите емоции и тоа со помош на ласкање, слаткоречивост и лажен интерес за вас и вашиот живот. На тој начин тие градат доверба и врска со вас.

Еден од полесните начини да откриете манипулатор е да ги толкувате знаците кои откриваат дека таа личност се загрижува само кога некој или нешто влијае на остварување на нивната крајна цел.

Во тие ситуации, манипулаторите тешко се контролираат, бидејќи ако вие не се сложувате со нивните цели, тоа значи дека не може да ве контролираат – што значи дека со сите сили ќе се обидат да ве убедат како таквата цел е добра и за вас.

Следниот пат кога пријател, колега или партнер (во кој се сомневате дека манипулира со вас) ќе ви предложи нешто, вие предложете нешто друго и набљудувајте ја нивната реакција. Вистинските манипулатори реагираат нагло и силно ако нешто не им одговара или се изложени на критика.

3. Манипулаторите играат на картата „емоции“

Најсилното оружје на еден манипулатор е моционалното, духовното или психичкото заведување. Тие играат на вашата најсилна емоција, која на крај, ќе им биде во корист само нив. Тие околу себе ги собираат луѓето кои можат да ги контролираат – дали преку романтична врска, блиско пријателство или работно пријателство.

Таквите луѓе ќе ви го кажат она што сакате да го чуете, а за другите кои им стојат на патот до нивната цел ќе зборуваат негативни, лукави работи со кои ќе се сложите и вие, а на крајот нема ни да знаете зошто. Нивната цел е врската да ја насочат во своја корист и да ја прилагодат исклучиво на своите потреби.

Исто така, луѓето од овој тип за еден момент ќе направат да на крај од секоја расправија вие да испаднете негативецот. Во таквите случаи, нивните жртви почнуваат да веруваат дека навистина се негативни и ќе започнат да ги преиспитуваат своите постапки – дури и да се извинуваат за своите дела, иако во реалноста не направиле ништо погрешно, туку само станале дел од нвината вешта шематска манипулација.

Share this Story
Load More Related Articles
Load More By Sofija Sion
Load More In Едукативно

Facebook Comments

Check Also

Европа vs. Македонија

Живеењето во Македонија, верувале или не, може да ...