Responsive Leaderboard AD Area
Интересно

Дали знаете зошто олимписките победници ги гризат своите медали?

Сигурно сте виделе дузина или стотици слики каде победниците на Олимписките игри ги гризат своите медали. Но, само мал број луѓе ја знаат вистинската причина зад тоа.

Денес, ние ќе ви го откриеме одговорот на оваа мистерија:

2

Гризењето медали не е нов тренд. Шампионите ги гризат своите медали уште од 1991.

Но, зошто го прават тоа?

3

Всушност, станува збор за нешто многу едноставно – фотографите ги тераат да го прават тоа. Фотографите мислат дека сите тие слики каде шампионите стојат мирно и се смешкаат со нивните награди се здодевни, па затоа овие креативни луѓе почнале да бараат од победниците да ги „вкусат“ своите медали, преправајќи се дека проверуваат дали се вистински.

Оваа традиција има долга историја…

4Уште од древни времиња, луѓето се обидувале да го проверат квалитетот на златото така што го гризеле. А, бидејќи златото е мек метал, треба да има остатоци од гризот на него.

5

А, денес, дури и златните олимписки медали се направени од 93% сребро. Датирајќи уште од далечната 1912 медалите не се чисто злато – тие содржат само 1,2% вистинско злато.

Гризењето медали може да биде штетно по забите…

6

На пример, олимпиецот Давид Мулер кога го гризнал својот медал изгубил дел од својот заб.

7

Токму затоа некои спортисти сакаат да ги бакнуваат своите медали – покажувајќи почит и љубов кон Олимписките игри и нивниот спорт.

8

Без ралика на фактот дека златниот медал не е целосно направен од злато и ако го гризнете може да останете без заб, тоа дефинитивно е најголемата и најскапоцената награда која ја добиваат само вистинските шампиони.

Share this Story
Load More Related Articles
Load More By Sofija Sion
Load More In Интересно

Facebook Comments

Check Also

#ГласамПротив Интересни илустрации од македонските дизајнери поврзани со моменталната политичка ситуација

Македонија е на прагот од една нова (политичка)раскрсница. ...