Responsive Leaderboard AD Area
#Факти

Big Ben е името на најголемото од 5-те ѕвончиња кои висат од часовникот, а не името на самиот часовник: Најдобрите факти за часовниците

Часовниците денес се и повеќе од потребни. Тие го диктираат текот на денот и им помагаат на луѓето да дознаат колку е часот. Часовниците се потреба на човекот и навидум изгледаат многу здодевно, но факт е дека кријат навистина интересен механизам. Освен тоа, тие имаат и многу интересни факти.
chasovnik1

Ова се 19 од нив:

1.

Со создавањето на првиот часовник со клатно во 1656, Кристијан Хигенс ја зголемил најдобрата точност на часовниците од 15-минутна девијација дневно на 15 секунди дневно
Еден институт во Колорадо создал часовник кој е толку прецизен што нема да заостане ни една секунда во 20 милиони години. Овој часовник се користи за на интернет.

2.

Двајца научници докажале дека постои дилатација на времето така што двајцата летале низ светот (на исток и на запад) и притоа носеле 4 синхронизирани атомски часовници. Откако слетале, тие ги споредиле своите атомски часовници со оние кои биле останати на земјата и откриле дека тие не се синхронизирани.

3.

Big Ben е името на најголемото од петте ѕвончиња кои висат од часовникот, а не името на самиот часовник.

4.

За да се прилагоди времето во кулата каде што е Big Ben се користат пени парички. Доволна е само една од нив за да се промени центарот на масата на клатното и да го промени времето за 0.4 секунди во денот.

chasovnik2

5.

Уметницата Сирен Елис Вилхелмсен создала часовник кој плети шал во рок од една година.

6.

За оние кои имаат проблем со спиење, истражувачите велат дека 1 недела кампување без електроника го ресетира биолошкиот часовник и ги синхронизира мелатонин хормоните со изгревањето и заоѓањето на сонцето.

7.

Кога гледате во часовник, и втората стрелка (онаа за минути) ви изгледа дека на момент не се движи, тоа всушност погрешна слика на вашиот мозок. Во тој момент вашата перцепција за време се изместува наназад за многу малку. Ваквиот ефект се вика хроностаза.

chasovnik4

8.

Франција еднаш се обидела да го поедностави времето така што користеле децимален часовник во кој постоеле само 10 часови во еден ден.

9.

Пред аларм-часовниците, постоела професија која се викала будилник. Таквиот човек имал задача да чука од врата на врата сѐ додека не се разбудат сите.

10.

Во моментов се гради огромен часовник во планина во Тексас кој е дизајниран да чука без престан повеќе од 10.000 години.

11.

Поради промените во локалната гравитација, часовникот со клатно кој е точен на ниво на морето ќе изгуби околу 16 секунди во денот ако се промени на висина од 12 километри.

12.

Едноставен тест кој вклучува пациентот да нацрта часовник се користи во откривањето на Алцхајмер и другите типови на деменција.

13.

chasovnik3

Официјалната дефиниција за секунда е 9.192.631.770 циклуси на резонантната фреквенција на Цезиум атомскиот часовник и NIST-F1 цезиум атомскиот часовник може да произведе толку прецизна фреквенција што временската дневна грешка е околу 0,03 наносекунди – што значи овој часовник губи една секунда во 100 милиони години.

14.

Механичкиот аларм-часовник бил создаден во 1787 од Американец по име Леви Хачинс. Тој го создал уредот за себе и за да ѕвони само во 4 часот наутро за да го буди за на работа. Францускиот создавач Антоин Редие бил првиот кој патентирал прилагодлив механички будилник, околу 1874.60 години подоцна.

15.

Научникот Линаеус предложил да се создаде т.н. „цветен часовник“ кој се базирал на карактеристичните времиња на отворањето и затворањето на ливчињата од различните видови на цвеќиња. Ако се изградеше таква градина, тогаш доволно ќе беше да се погледне во градината за да се каже колку е часот.

16.

Стрелките на часовникот кои се движат „во насока на стрелките од часовникот“ биле направени со таков механизам така што се имитирала движењето на сенката на сончевиот часовник на северната хемисфера.

17.

Во 2007, една група илегално влегла во францускиот Пантеон и поминала една година обидувајќи се да го поправат древниот часовник. Кога администраторот на градбата открил што се случило, тој ја тужел групата и се обидел да најде некој кој може повторно да го скрши часовникот.

18.

Атомските часовници кои ги има на GPS сателитите се програмирани да компензираат за временската дилатација поради генералната релативност. Инаку, по само еден ден, GPS уредите ќе покажуваа координати кои се погрешни за 10 km.

19.

Поради неправилностите во брзината на ротација на Земјата, часовниците понекогаш отчукуваат 23:59:60 за да останат синхронизирани со вистинското траење на денот, токму затоа е есенцијалното да се создадат минути со 61 секунда.

Share this Story
Load More Related Articles
Load More By Sofija Sion
Load More In #Факти

Facebook Comments

Check Also

123456 e Најкористената Лозинка на Интернет

Речиси 80% од корисниците на интернет имаат ризична ...