Responsive Leaderboard AD Area
#Факти

3 Психолошки факти Кои Всушност Биле Митови

Мора да признаеме дека ниедно научно поле не греши толку многу како психологијата. Можеби станува збор за тоа дека психологијата на некој начин е науката која е многу подложна на промени бидејќи претставува наука за човекот и неговото битие – а тоа постојано се менува.

Знаејќи го ова, др. Кристијан Џерет – психолог и креатор на еден британски блог за истражување, создал листа на најчестите митови за човечкото однесување, а ова се 3 од нив:

mitovi1


1. Успехот зависи од методот на учење

Исто како што се задржуваме на спецификите за нас – како хороскопскиот знак или типот на карактер– луѓето исто така имаат тенденција да се посветат на одредени стилови или методи на учење. Всушност, една неодамнешна анкета на британски професори открила дека 96% од нив веруваат дека луѓето учат повеќе и подобро кога ја користат омилената метода на професорот. А, вистината е дека во зависност од природата на материјалот е зависи колку човекот ќе научи, а не зависи од индивидуалните диспозиции.


2. Менталната болест е предизвикана од дисбаланс во мозокот

Ова е митот кој беше најголемото изненадување. Очигледно, не постои идеален или точен баланс на хемикалиите во мозокот – малку познат факт кој Џерет тврди психијатарите и невролозите ќе го признаат само ако се комплетно искрени.

„Дел од поддршката за идејата за дисбалансот доаѓа од фактот дека антидепресивите ги променуваат нивоата на неврохемикалиите во мозокот. Но, тоа секако не значи дека хемискиот дисбаланс ги создава проблемите“ – тврди Џерет.


3. Дури и добрите луѓе во лоши ситуации стануваат лоши

Ова верување најпрво било создадено со озлогласениот Стендфорд затворски експеримент. Спроведен во 1971, експериментот се состоел од тоа учесниците да ја преземат улогата на затвореник или чувар.

Оние кои ја имале улогата на чувар станале насилни, што ги довело истражувачите да го прекинат експериментот и да тврдат дека кога човек е ставен во лоша ситуација, дури и најдобрите луѓе стануваат лоши. Но, помалку познат факт е дека експериментот имал големи недостатоци и дека неодамнешни истражувања контрираат на ваквиот заклучок. Голем дел психолози сега веруваат дека групната динамика е она што најмногу влијае врз исходот од ситуацијата.

Share this Story
Load More Related Articles
Load More By Sofija Sion
Load More In #Факти

Facebook Comments

Check Also

123456 e Најкористената Лозинка на Интернет

Речиси 80% од корисниците на интернет имаат ризична ...