Responsive Leaderboard AD Area
Општо

10 Употреби на Оцетот за Кои не сте Знаеле

Сигурни сме дека и вие сте дел од оние кои ги мразат обврските околу домаќинството, но она што е најголемата причина зошто ги мразиме е бројот на хемикалии кои тие го имаат. Од спреј за прозорци, до белило и чистачи за вц школки, сите тие се полни со хемикалии кои најдобро е да ги избегнеме.

Одлична алтернатива на сите тие средства е оцетот. Поради својата способност за чистење и немањето штетни хемикалии, оцетот е совршена алатка за чистење на домот кој на секој му е потребна. Не ни верувате? Погледнете ги овие 10 ефективни начини за чистење на домот со помош на оцет и сѐ ќе ви стане јасно:

ocet1

1. Чистење на пеглата за алишта

Ако вашата пегла не парее доволно силно како порано, тогаш сигурно се виновни затнатите дупчиња. За да ги одзатнете, пеглата исполнете ја со ¼ оцет и поставете ја хартија за готвење додека конзистентно притискате на копчето за пареа. Правете го ова сѐ додека не истече целата течност. Потоа, измијте го тој дел со вода и вашата пегла ќе работи како нова.


2. Чистач за обувки

Ако имате кожни обувки кои треба да ги исчистите. Измешајте 1 чаша вода со 1/3 чаша оцет и користите микрофибер крпа за нежно да ги исчистите и да ги обновите вашите кожни обувки.


3. Чистач за стакло

Најтрадиционалните чистачи за стакло се полни со амонијак, но за среќа постои лесна и безбедна алтернатива. Земете шише со пумпа и 50% наполнете го со вода и 50% со оцет и гледајте како оваа едноставна смеса ви ги чисти сите стаклени површини. Може да додадете лимон за убав мирис или пак сина прехранбена боја за да го разликувате од другите средства.


4. Отстранувач на треви

Ако постојано имате проблем со тревчиња помеѓу камењата или патот на кој живеете, избегнете ги секојдневните уништувачи на треви и користете оцет. Едноставно турете го оцетот во пукнатините на бетонот, оставете да отстои 24 часа и вегетацијата ќе биде мртва и спремна за отстранување.


5. Средство за чистење на тастатурата

Наместо да трошите скапоцени пари на оние скапи пени или отстранувачи на нечистотии, сѐ што треба да направите е да употребите оцет. Најпрво, бидете сигурни дека компјутерот е исклучен, па натопете еден мал дел од крпата во оцет и исчистете ја тастатурата и просторот меѓу копчињата. Исто така, за тешко достапни места може да користите и стапчиња за уши потопени во оцет.

6. За чистење на машината за чинии

Исто како и секој друг уред, машината треба одвреме-навреме да се чисти за остане во добра состојба и да има што е можно подолг работен век. За да ја исчистите машината за чинии, наполнете го делот за прашок со оцет, тргнете го горниот дел од машината и вклучете ја како за секое миење.


7. Стерилизација на четката за заби

Иако заменување на четката за заби секогаш е добра опција, оцетот е добро решение за оние кои не се баш спремни да се одделат од четката за заби. Наполнете шолја со оцет така што целата глава на четката ќе биде потопена во течноста. Оставете да стои 30 минути и таа ќе се исчисти и стерилизира. За да го отстраните  мирисот на оцет, ставете малку паста за заби и тријте под жешка вода.


8. Отстранете ја мувлата на таванот во тоалетот

Влажноста на тоалетите е причината поради која тие се подложни на мувла. Ако некогаш најдете мувлосана дамка на таванот, оцетот е одлично решение кое за кратко време ќе ја исчисти. Ставете 2/3 оцет и 1/3 боракс (натриум борат) и малку топла вода за да го дополните садот. Измешајте ја смесата додека бораксот не се разложи, а потоа потопете хартиена крпа во смесата. Потапкајте го местото со мувла и потоа почнете да триете за да видите како исчезнува.


9. Вратете ја моќта на лавабото

Ако вашето лавабо ја нема истата моќ како порано, тогаш големи се шансите дека е затнато. За да го поправите ова, на неколку секунди потопете памучни топчиња во оцет. Кога ќе го направите тоа, поставете ги потопените памучни топчиња во лавабото и околу 15 минути држете ги прицврстени со гумени ластичиња. Кога ќе ги отстранувате, движете ги топчињата лево-десно за да ги тргнете сите нечистотии кои се заробени во лавабото и пуштете жешка вода за тоа да работи како ново.


10. Чистач за мебел

Елиминирајте ги чудните мириси од мебелот така што ќе турите ¼ оцет во шише за прскање и додадете 30 ml омекнувач за алишта. За крај, додадете вода, протресете добро и испркајте го мебелот. Кога ќе завршите, земете сува крпа и тријте го мебелот со мазни кружни движења сѐ додека не се исуши.

Share this Story
Load More Related Articles
Load More By Sofija Sion
Load More In Општо

Facebook Comments

Check Also

Што да направите кога ќе заборавите да нанесете дезодоранс?

Во утринското брзање за на работа, училиште, факултет ...