Responsive Leaderboard AD Area
Едукативно, Квалитетни зборови

10 фрази кои секој интелигентен човек треба секој ден да си ги кажува

Под интелигенција не се подразбира да знаете апсолутно сѐ, почнувајќи од писателите и уметниците на Ренесансата до Талесовата теорема, туку желбата и активноста за знаење. Интелигентните луѓе имаат желба да дознаат што е можно повеќе работи, тие се паметни, но не се фалат со тоа. Тие знаат дека успехот се темели на дејствување, а секое дејство е продукт на мислата. Токму поради ова, фразите и зборовите кои си ги кажуваме себеси се од огромна и исклучителна важност.

intelingentni lugje1

А, ова се дел од мислите кои секој интелигентен човек треба да си ги кажува:

1. „Ако никој не сака да го направи тоа, тогаш јас ќе го направам!“ –  Најлесниот начин да се одвоите од масата е да направите нешто што другите не би го направиле затоа што е преголем предизвик или е премногу тешко. А токму тоа ќе ви донесе огромно искуство и знаење.

2. „Па и не беше толку лошо“ – Секоја загуба е можност да научите нешто ново и да ги надминете тешкотиите. Проблемите се неизбежни, затоа е најдобро да се справите со нив без многу заморување.

3. „Не може сѐ да се заврши наеднаш, но важно е да се почне!“ – Нашите планови немаат вредност ако постојано ја одложуваме нивната реализација. Но, ако барем малку се потрудиме денес, утре ќе биде полесно да продолжиме понатаму.

4. „Помалку зборување, повеќе дејствување!“ – Луѓето кои многу зборуваат за нивните постигнување се залажуваат ако мислат дека тоа ги прави да бидат неверојатни. Кога го правите нештото без да се фалите наоколу, тогаш вашиот успех е уште поголем.

5. „Никако не треба да се загрижувам околу мислењето на другите за мене“ – Тоа е ваш живот и ваш избор е кој пат ќе го одберете. Може да ги послушате блиските луѓе, но сепак на крај најмногу треба да се слушате себеси.

6. „Ќе ви покажам!“ – Понекогаш е потребна многу лутина и гнев кои ќе ве натераат да направите нешто. Тоа можеби ви изгледа како детско однесување, но да бидеме реални:  тоа навистина функционира.

7. „Можеби мојата креација не е совршена, но за мене е одлична!“ – Вашата желба за перфекционизам може да ве спречи да дејствувате и да создавате. Навистина е важно да не оставите да се случи тоа. Секако дека треба да се трудите да бидете најдобри, но тоа не значи по секоја цена. Понекогаш треба да ги оставите нештата какви што се и да уживате во нив.

8. „Следниот пат ќе бидам подобар/а!“ –  Ако сте добри во нешто, тогаш продолжете да го правите тоа и секогаш барајте можност за да се надградите и подобрите себеси.

9. „Не се плашам искрено да му се заблагодарам на некој кој го заслужил тоа.“ – Оние кои можат да им се заблагодарат на другите живеат многу посреќно. Не се расфрлувајте со обично „фала“. – туку бидете искрени за вашата благодарност.

10. „Колку повеќе се трудам – толку сум подобар/а“ – Луѓето честопати откриваат дека не се талентирани во секое поле. Но, не секогаш станува збор за талент – успехот секогаш ги пронаоѓа луѓето кои напорно работат и се трудат.

Share this Story
Load More Related Articles
Load More By Sofija Sion
Load More In Едукативно

Facebook Comments

Check Also

Европа vs. Македонија

Живеењето во Македонија, верувале или не, може да ...