Responsive Leaderboard AD Area
Интересно

Зошто Видео Игрите НЕ Треба да ги Плашат Родителите!

Адвокатот за образовни видео игри, Сид Маер (Sid Meier),  сфаќа дека децата всушност би можеле да научат нешто повеќе од игрите како Civilization, Minecraft, Call of Duty и World of Warcraft.

Сид вели дека работел со години на случајот дека треба да се земат игрите кои децата ги обожаваат за да се создаде нов вид на едукативни игри. Но, сфатил дека не треба да се кооптира механиката на тие игри. Вели дека би можеле да се употребат игрите кои деца веќе ги играат, па дури насилните игри од кои момчињата и девојчињата се воодушевени.
Сид вели дека на децата не им се допаѓаат едукативните игри, всушност, тие ги мразат. Ако им се даде избор помеѓу игра дизајнирана да научат или игра наменета за забава, децата ќе ја изберат играта за забава.
Некои дизајнери на едукативни игри велат дека дизајнирањето на едукативните игри се од суштинско значење, бидејќи и покрај тоа што децата ги мразат, тие се подобри од она што го учат во училиштата.


Преку набљудувањето на децата како играат игри, се открило дека, децата кои игараат видео игри се со помала веројатност да бидат во судир со Законот. Компаниите ангажирале деца, бидејќи мислеле дека имаат подобри вештини како комуникација, тимска работа, лидерство и упорност.

Со воведувањето на забавните игри во училиштата, се смета дека наставниците и родителите ќе сакаат да учат од и со нив.
Досега, оваа серија на студии, предводена од работата на Џејсон (Jason Engerman) резултирала со некои неверојатни откритија, момчињата опишуваат дека неуспехот во училиштето била табу тема, а неуспехот во играта била пожелна. Момчињата и девојчињата кои научиле толку многу за некоја игра велат дека игрите се моќни алатки.


Но, како може да се применат во училишата? Може да се охрабрат наставниците, родителите за да ги вреднуваат игрите. Вреднувањето на активностите на децата од страна на постарите, нивните родители и наставници, доведува до почит.

Треба да има повеќе видео игри вклучени во образованието, бидејќи игрите би можеле да го направат светот подобро место за живеење. Конкурентите, насилната фантазија ќе придонесе за развојот на силни идни лидери и граѓани.

Share this Story
Load More Related Articles
Load More By Mihaela
Load More In Интересно

Facebook Comments

Check Also

#ГласамПротив Интересни илустрации од македонските дизајнери поврзани со моменталната политичка ситуација

Македонија е на прагот од една нова (политичка)раскрсница. ...