Responsive Leaderboard AD Area
Интересно

Научниците Имаат Фасцинантна Хипотеза за Тоа Зошто Паметните Луѓе Трошат Помалку Време со Пријателите

Студијата предводена од страна на психолозите во Универзитетот за менаџмент во Сингапур и на Лондонската школа за економија, покажа дека луѓето се генерално посреќни кога повеќе време поминуваат со пријателите, освен оние со повисоко IQ.

Истражувачите дошле до овој заклучок по спроведување на две студии и се потпираат на податоците од Националната лонгитудинална студија за адолесцентно здравје во која се вклучени и интервјуата со повеќе од 15.000 луѓе на возраст помеѓу 18 и 28 години во 2001 и 2002 година.


Во првата студија, научниците ja испитувале врската помеѓу три фактори: резултатите на учесниците на тестот за интелигенција, густината на населението во областа каде што живееле учесниците и колку се задоволни учесниците од своите животи. Резултатите покажале дека луѓето се генерално посреќни во помали населени подрачја, освен високо интелигентните луѓе.

Ва втората студија, научниците ја испитувале врската помеѓу: IQ тестовите на учесниците, задоволството од нивниот живот и колку често тие се социјализирале (дружење, телефонски разговори).


Секако, колку повеќе време луѓето поминуваат со пријателите толку посреќни се. Всушност, резултатите покажале дека колку повеќе интелигентните луѓе се дружеле со своите пријатели, толку помалку биле задоволни со животот.

Истражувачите не можат со сигурност да кажат зошто ги добиле овие резултати. Една веројатност која ја предлагаат е саванската теорија за среќа, еволутивната теорија која укажува на човечкиот мозок кој реагира на последиците од околината и варира како резултат.


Во една претходно напишана студија се предлага дека интелигенцијата е способност луѓето да се прилагодат на новите средини. На интелегентните луѓе не им пречи да живеат сами или во помали населени места.

Значи, без оглед на вашиот коефициент на интелигенција вреди да се обрне внимание на она што ве прави среќни. Ако тоа значи дека сакате да имате ден само за себе  или да патувате, да се дружите со пријатели. Вашиот мозокот ќе ви се заблагодари.

Share this Story
Load More Related Articles
Load More By Mihaela
Load More In Интересно

Facebook Comments

Check Also

#ГласамПротив Интересни илустрации од македонските дизајнери поврзани со моменталната политичка ситуација

Македонија е на прагот од една нова (политичка)раскрсница. ...