Responsive Leaderboard AD Area
Интересно

15+ Знаци Кои Покажуваат Дека Сте Попаметни од Останатите

Листата објавена од страна на Business Insider резимира некои научни студии кои укажуваат некои знаци кон интелегентните луѓе. Секако, треба да се напомене дека корелацијата не го опфаќа последичниот однос. Овие информации кои се собрани од различни студии содржат вистини:

1. Вие сте постарото дете- Постарите деца се најчесто најпаметни но, не заради генетиката, туку студијата во 2007 покажува дека е од психологијата и динамиката во фамилијата.


2. Сте зимале часови-  Студија во 2011 покажала дека вербалната интелегенција на 4 – 6 годишните деца се развива после земање на еден месец часови по музика.


3. Не пушите цигари- Во израелската студија во 2011 каде биле вклучени 20.000 млади мажи, се открило дека пушачите кои имале помеѓу 18- 21 година имале IQ од 94, а непушачите имале IQ од 101.


4. Вие сте слаби- Здраво тело, здрав ум. Француска студија во 2006 открила дека оние со прекумерна тежина можат да се потсетат на 44% од зборовите, додека слабите луѓе 56%.


5. Вие сте леваци- Оние кои пишуваат со лева рака поседуваат креативност преку која добиваат идеи за новели.


6. Имате мачка- Истражувањето во 2014 открило дека оние кои сакаат кучиња се комуникативни луѓе, додека оние кои сакаат мачки се повеќе интелегентни.


7. Вие сте високи- Студија на Универзитетот Принстон покажува дека пред да се има 3 години, пред да се почне на училиште и преку целото деттство, високите деца изведувале подобри резултати.


Еве уште 8 знаци, според различни научни студии:

Ноќен був. Ако останете до доцна во ноќта за да  работите (да не излезете на пиење), веројатно  имате повисок коефициент на интелигенција. Истражувањата покажале дека ноќните бувови имаат повисок коефициент на интелигенција од ранобудците.

Интроверт. Многу интроверти имаат социјални грижи и не брзаат кога сакаат нешто да кажат. Тоа што ги премислуваат работите упатува на нивната интелегенција. Поголемиот дел од надарените деца се интроверти.

Доени. Всушност, некои истражувања укажуваат на доените бебиња кои изложуваат повисок коефициент на интелигенција и имаат повеќе успех подоцна во животот.


Други работи на кои треба да се внимава за да ја  валидирате вашата интелигенција :

– Според една студија од страна на психологот Сатоши Каназава (Satoshi Kanazawa)  укажува на тоа дека либералите имаат тенденција да бидат попаметни од конзервативците. Луѓето кои имале повисоки резултати на коефициент на тестовите за интелегенција како деца се со поголема веројатност да растат политички либерално.

Оние кои не се толку религиозни се поинтелегентни од верниците.

– Читањето на рани години се покажало дека е индикатор за повисоки резултати на когнитивните тестови.

Ако сте шеговити тоа е уште еден показател на интелигенција.

Тинејџерите со повисок коефициент на интелигенција немале секс во средно училиште.

Share this Story
Load More Related Articles
Load More By Mihaela
Load More In Интересно

Facebook Comments

Check Also

#ГласамПротив Интересни илустрации од македонските дизајнери поврзани со моменталната политичка ситуација

Македонија е на прагот од една нова (политичка)раскрсница. ...