Responsive Leaderboard AD Area
Интересно

Работи Кои Ви ги Кажуваат Нарцистите и Социопатите Кои ве Тераат да Полудите

Социопатите се господарите на влијанието и измамата. Многу мал дел од она што го кажуваат е вистина во однос на реалната состојба. Тие се исклучително вешти во тоа да ве уверат во некои работи, дури и ако ги измислуваат.

Нарцистите имаат прекумерна потреба за восхит, не се грижат за чувствата на другите, не можат да се справат со било критика, и имаат потреба секогаш да се во право.

Социопатите и нарцистите често изгледаат сосема алтруистични и невини на просечниот човек, но, тие  вешто ја користат манипулацијата со цел да го добијат тоа што го сакаат.
Секој во животот се справил со ваквиот тип на луѓе.


Можете да ги забележите според следните фрази:


Многу си чувствителен”                                                  

Овие луѓе се произведуваат емоции кај другите. Прво даваат пофалби и ласкања, па после ги снемува со денови, чекаат да реагирате. Кога ќе реагирате, тогаш тие ве обвинуваат дека сте премногу чувствителни. Тие навредуваат, омаловажуваат и  критикуваат, често на шега, сè додека не кажете нешто. Со тоа може лесно да се претворат од самоуверени личности до личности полни со несигурност.



“Ти
си љубоморен/на

Кога работите ќе тргнат наопаку, тогаш тие се почнуваат да викаат дека вие сте љубоморни или луди. Со тоа што го викаат само потврдуваат дека имаат нездраво однесување додека ве прават да се чувствувате несигурни.


Премногу анализираш

Понекогаш премногу анализираме, но социопатите и нарцистите често пати намерно прават да се чувствувате параноични. Можат да ве натераат да мислите дека проблемот е во вас, предизвикувајќи вознемиреност.


Не можете без мене”

Откако ќе увидите со каков човек имате работа, тие ќе направат се што можат за да постигнат контрола, контрола која може да ве натера да полудите и да бидете неспособни без нив.



Премногу драматизираш

Тие мразат драма. Ќе ви кажат дека сте премногу драматични, но запомнете дека личноста секаде со себе го носи торнадото. Кога нивното арогантно однесување ќе излезе на површина и кога ќе споменете дека сте загрижени за нивното однесување, тие ќе се почувствуваат навредени и ќе ви кажат дека премногу драматизирате.



Погрешно ме разбра

Недоразбирањата се вообичаени во врските, но социопатите имаат тенденција да направат хаос. Ќе добиете негативна реакција каде следат обвинувањата дека вие сте негативни и дека погрешно сте ги разбрале.


 

Тие се обидуваат да ве натераат да се сомневате во вашиот разум.

Share this Story
Load More Related Articles
Load More By Mihaela
Load More In Интересно

Facebook Comments

Check Also

#ГласамПротив Интересни илустрации од македонските дизајнери поврзани со моменталната политичка ситуација

Македонија е на прагот од една нова (политичка)раскрсница. ...