Responsive Leaderboard AD Area
Интересно

Потребни се Само 66 Дена За да си го Смените Вашиот Живот, Ако Сте Доволно Силни да Издржите!

Нема негирање дека  всушност ние сме суштества од навика.

Нашите умови и тела се зависни од стимуланси, постапки и обрасци кои доаѓаат да не дефинираат кои сме. Нашите навики се нашата безбедност, отварајќи не во нивното  постојано присуство и удобност. Ги правиме несвесно, како ставањето прсти и цигари во нашите усти и пукањето на нашите зглобови, за само да откриеме дека не знаеме кога започнала оваа навика.

Според Чарлс  Духиг (Charles Duhigg), авторот на книгата ” The Power of Habit,” навиките не се раѓаат, но создаваат. Секое  зло, добро или незначителна навика почнува со психолошкиот модел наречен “постојана навика”. Духиг ја пријавил ”постојаната навика” во NPR , која е процес од три дела. Првиот чекор е двигателот кој му кажува на мозокот да сподели одредено однесување. Вториот чекор е самото однесување или рутината која ја создава. Третиот чекор е наградата, или “нешто што мозокот го сака, што помага да се сеќава на постојаната навика во иднина. ”
Откако ќе се формираат навиките, тешко е да се одвинеме, бидејќи забораваме дека ги правиме. Поради постојаната навика, ние сме во состојба да ги правиме другите работи, без размислување за нашата навика. Пример, ние сме навикнати да работиме на нешто друго, додека истовремено гризаме нашите нокти, не сфаќајќи дека во  моментот ги ставаме во нашита уста. Ние стануваме робови на нашите навики. Тие стануваат инхибитори, а некои имаат моќ да го  контролираат нашиот живот.

Постојат начини да се заменат оние лоши навики со добри … само потребни се 66 дена.

Во една студија објавена во Европскиот весник на социјалната психологија, Филипа Лали (Phillippa Lally)  и нејзиниот тим на истражувачи анкетирале 96 луѓе во текот на 12-недели за да дознаат токму колку време е потребно за да се започне нова навика. Во текот на 12-те недели, учесниците избрале нова навика и секој ден давале известување за тоа колку автоматски навикатa станувала. На крајот  од неделата, Lally, ги анализирале резултатите и го добила просечното време кое им требало на учесниците да ја стекнат новата навика која изнесува 66 дена.

Додека нејзините резултати биле фокусирани на времето кое е потребно за да се создаде навиката, ова може да се погледне и обратно, времето кое  е потребно за да се ослободиме од старата и да стекнеме подобра. Ако навиката не вклучува зависни адитиви или стимуланси, кои го прават процесот на повлекување и мозокот различни, тогаш потребни се 66 дена и да се одвикнете од тие лоши навики. Ако ја исфрлите навиката од вашиот живот, на истиот начин  како што се создала таа навика, ќе бидете слободни од несвесното. Вие би можеле да ги замените оние старите лоши со  добрите нови навики.

Наместо да гледате филм пред спиење, пробајте да читате книга. Можеби, наместо сокот со ручекот, можете пиете вода за 66 дена. Не постои подобро време да се сврти нов лист (или навика), отколку во есен.

Бидете непријатни (1-22 ден) 
Зборувајте за тоа. Кажете им на вашите пријатели, семејството и колегите дека вие сте на мисија. Сметајте ги како офицери за патролирање кога ќе се вратите на старите навики или кога не ги одржувате новите. Кажете им дека сакате да ви се развикаат, да ви пречат и постојано да ве потсетуваат.
Додадете дополнителен притисок врз вас. Притисокот да не ги разочараме другите и одржувањето на зборот ќе го направи тоа многу потешко да се вратите на старите навики. Затоа што понекогаш е полесно да се разочараме отколку да ги разочараме другите.


Себе-анализа (22- 44 ден) 
Погледнете го својот живот. Ова е времето кога навистина треба да се копа подлабоко. Што сакате во животот? Зошто го правите ова? Како сакате да се претставувате?
Без разлика дали се одвикнувате од  лоша навика или создавате нова, поздрава, дојдете  до суштината на тоа зошто го правите и како тоа ќе влијае врз вашиот живот.
Ако можете да ја најдетте причината која е  закопана длабоко во вашата подсвест, ќе бидете во можност да ги издржите тие  66 дена, многу полесно. Ќе имате внатрешна сила која ќе ви  врши притисок.


Најдете ја светлината (44- 66 ден) 
Третата фаза е последниот притисок. Иако далеку сте стигнале, сè уште треба да се издржи во наредните  22 дена. Лесно е да се изморите и да заборавите зошто го правите ова. Лесно  е да се вратите на старите навики, бидејќи, до овој момент, сè уште треба да се ослободи те од таа навика.
Во оваа фаза, мора да најдете  нешто што ќе ве држи. Нешто што ќе ве турка до крајната цел. Тоа се последните 22 дена кои се доказ за тоа колку сте силни и подготвени.


Наградете се  (66 + ) 
Единствениот начин за да се зацврсти крајот на старата навика или  раѓањето на новата е да се прослави. Приредете забава. Направете ден на успехот или јавете се на вашите пријатели и да имајте вечера.

 

Share this Story
Load More Related Articles
Load More By Mihaela
Load More In Интересно

Facebook Comments

Check Also

#ГласамПротив Интересни илустрации од македонските дизајнери поврзани со моменталната политичка ситуација

Македонија е на прагот од една нова (политичка)раскрсница. ...