Responsive Leaderboard AD Area
Интересно

Научниците Случајно Направиле Батерија Која Може да ви Трае Цел Живот!

Сите видови на електрични уреди што ги имаме денес се направени да имаат ограничен животен век, кои совршено им служат на интересите на потрошувачите.

Дури и најдобрите батерии може да работат ефикасно до 500 циклуси на полнење по што го губат нивниот капацитет и треба да бидат заменети. Сега, истражувачите, предводени од докторантот Маја Ле Таи (Mya Le Thai) се чини дека создала батерија со животен век од над 200.000 циклуси која е 400 пати поголема од онаа на батериите кои се достапни на пазарот! Покрај тоа, овој извонреден изум беше направен како резултат на несреќен случај во лабораторија.

Првичната цел на истражувањето било да се развие солидна батеријата со златникави жици, наместо со литиум и електролитен гел наместо течност. Всушност, литиумските батерии имаат некои големи недостатоци: течноста кои ја  содржат ги прави запалливи и чувствителни на температура, додека литиумот неизбежно кородира во внатрешноста на батеријата со текот на времето. Така, со користење на нано жиците и гелот, истражувачите се обидуваале да создадат подобрена верзија на стандардната батерија.

Нано жиците се многу кревки. Меѓутоа, кога тие се обложени со манган диоксид и додавањето на електролитен гел, системот се покажал повеќе еластичен од било кој друг.

Се разбира, оваа нова батерија сепак, ќе треба да се полни, но поентата е во тоа што животниот век е од 200.000 циклуси на полнење што е повеќе од доволно за повеќето уреди, вклучувајќи ги компјутерите, телефоните, па дури и возилата. Најдоброто е тоа што не го губи својот капацитет брзо како конвенционалните литиум батерии, кои стануваат се помалку и помалку ефикасни.

Предизвик претставува високата цена на  нано жиците  и покрај фактот дека тие се илјадници пати потенки од човечкото влакно, нивната употреба значително ќе ја зголеми пазарната цена на батеријата. За оваа причина, тимот сега спроведува нови експерименти со никел за да види дали може да се постигне истиот (или сличен) ефект.
Во секој случај, резултатите од ова истражување се ветувачки и може да го води пазарот.


Во прилог е документарниот филм кој совршено објаснува зошто производите без кои не можеме да го замислиме нашиот живот , како сијалиците и фрижидерите се направени да траат многу помалку од нивните вистински технички способности:

Share this Story
Load More Related Articles
Load More By Mihaela
Load More In Интересно

Facebook Comments

Check Also

#ГласамПротив Интересни илустрации од македонските дизајнери поврзани со моменталната политичка ситуација

Македонија е на прагот од една нова (политичка)раскрсница. ...