Responsive Leaderboard AD Area
Интересно

Како Полицијата се Справува со Насилството во Оние Земји Каде Полицајците не Носат Оружје?

Конфронтацијата, насилството и апсењето за време на протестите продолжуваат да го следат порастот на расното пукање во САД. Луѓето се лути, збунети и преплашени од Законот. Тие ја изгубиле доверба во правниот систем на една нација која се гордее со расна еднаквост.

Повеќе од 50 години по донесувањето на Законот за право на глас, околу шест во десет Американци сметаат дека земјата треба да продолжи да прави промени за да се постигне расна еднаквост.

Само оваа година, 569 лица се убиени од страна на полицијата во САД, многу од околностите докажале дека овие убиства се неоправдани.


Резултатот може да се избегне. Еден полицаец не треба да пука и убива. Во некои земји, полицајците дури и не носат оружје. Минатата година, во извештајот на ThinkProgress.com биле изложени некои вознемирувачки бројки, дека во 2015 година, во 31 Март, полицијата во САД убила повеќе луѓе отколку во целиот 20 век во Велика Британија.

Во оние држави каде што полицајците не носеле пушки, бидејќи граѓаните немале пристап до оружје, значи дека полицијата ретко се соочувала со оружје. Сепак, службениците биле обучувани да се справат со огнено оружје доколку било потребно.

Пол Хиршфилд (Paul Hirschfield), вонреден професор по социологија на Универзитетот Рутгерс, објаснува дека службениците во САД се обучени во просек за само 19 недели во споредба со Норвешка, каде што тие имале три години на обука пред да бидат целосно квалификувани.

Кога има употреба на огнено оружје, Хершфилд вели дека граѓаните можат да имаат доверба во полицајците, бидејќи невините минувачи нема да бидат дел од тој настан, нема да биле повредени,  додека во други земји, полицијата била обучена да го собори непријателот со помало насилство, за разлика од заканата со оружје.


Хиршфилд вели дека во Финска, службениците мора да добијат дозвола од претпоставениот пред да пукаат. Во Шпанија, тие мора да дадат предупредувачки истрел, а потоа да се стремат кон лицето. Во САД се пука само кога треба некој да се убие, огненото оружје се  користи само за смртоносна сила.

Во Минесота, Филандо (Philando Castile), 32, бил убиен од страна на полицаец, кога тој посегнал по својот паричник за да ја покаже неговата лична карта. Бил помешан со некој кој е  осомничен за грабеж, а бил сопрен заради тоа што му било скршено задното светло. Филандо бил застрелан неколку пати, неговата жена ја снимила целата случка додека нивната 4-годишна ќерка седела тивко на задното седиште, службеникот стоел надвор од  страна на прозорецот кај  возачкото седиште, каде што се стремел да пука во веќе починатото лице.


Ова насилство не било без последици. Всушност, во согласност со Европската конвенција за човекови права, на полицијата и е дозволено да пука само ако е неопходно, со цел да се постигне легитимна цел за спроведување на Законот, во САД, полициските службеници може да пукаат, ако имаат “разумна” перцепција на сериозна и непосредна закана.

Невооружените полицајци имаат подобра шанса за работа во земји каде граѓаните немаат пристап до оружје, а во Исланд, каде што околу 90.000 пиштоли има во една популација од 300,000 жители, земјата се уште ја има една од најниските стапки на глобалниот криминал во светот. Само во 2016 година, во САД има значителна причина за тага и гнев кои доведуваат до одмазда.

Треба да има повеќе обука за да може да се намали овој ризик, како за себе, така и за јавноста.

Share this Story
Load More Related Articles
Load More By Mihaela
Load More In Интересно

Facebook Comments

Check Also

#ГласамПротив Интересни илустрации од македонските дизајнери поврзани со моменталната политичка ситуација

Македонија е на прагот од една нова (политичка)раскрсница. ...