Responsive Leaderboard AD Area
Интересно

Како да се Фокусирате Додека Работите

Седнувањето и фокусирањето е здодевно но, неопходните задачи за на работа можат да бидат  невозможни понекогаш. Дури и продуктивната личност понекогаш се бори да направи некоја едноставна задача.

Проблемот со фокусирањето не секогаш значи дека е   резултат на одвлекување на внимание, како вашиот телефон, зборливите соработници и Фејсбукот. Понекогаш, тоа може да го направи и вашиот внатрешен часовник. Се верува дека за  да се фокусирате подобро, ќе мора да се променат работите во вашата надворешната средина, како седењето некаде сами во целосна тишина, или да се оттргнете од  интернетот.


Другиот пристап е да се размислува на начини за тоа  како можете да го  добиете вашиот ум и тело во подобра состојба од фокусот, почнувајќи од внатре кон надвор:

Направете му трик на вашиот мозок за да се фокусира

Ефикасноста на вашиот мозок и фокусот се директно врзани со внатрешниот часовник. Дури и ако се затворите во една темна соба цел ден, вашето тело знае  колку е часот. Секои физиолошки функции во нашето тело – од мускулната сила и текот на еден циклус се нарекува деноноќен ритам.

Значи, ако не може да се фокусирате понекогаш, тоа би можело да биде нешто што ќе го правите со вашиот внатрешен часовник.

На пример, принудувајќи се да се разбудите порано, ако не сте навикнати да станувате рано, не е одлична идеја, вашето тело сака да се разбудите во одредено време. Значи, ако не е задача што ќе и треба еден тон  фокус,  оставете го за подоцна во текот на денот, ако сте ноќен був.
Можете,исто така, да го обучувате вашиот мозок да се фокусира на одредено време, нешто како кога сте гладни во секој ден во исто време. Ако работите на долгорочен проект кој бара силно да се фокусирате, обидете се да работите на тоа секој ден во исто време. На тој начин, вашиот мозок ќе почне да се подготвува за тоа и ја олеснува вашата работа.


Кога немате време да го пробиете вашиот внатрешен часовник, некогаш, ќе мора да почнете да се фокусирате брзо, бидејќи немате време да ги направите сите овие вежби за фокусирање. Одговорот е музиката.

Но, не било која музика. Постои  посебен вид на музика од Brain.fm која може да ви помогне да се фокусирате побрзо. Исто така, може да ви помогне да се релаксирате или да заспиете, кога чувствувате немир. Музиката понудена од страна на Brain.fm не е иста како онаа што можете да ја слушнете  на Spotify или Pandora. Тоj е дизајниран да го води вашиот ум  кон фокусирање.

Докажано  е дека музиката и фокусот се поврзани.Само сетете се дека можете да го контролирате   ритамот на вашето тело во поголемиот дел од вашето време.

 

Share this Story
Load More Related Articles
Load More By Mihaela
Load More In Интересно

Facebook Comments

Check Also

#ГласамПротив Интересни илустрации од македонските дизајнери поврзани со моменталната политичка ситуација

Македонија е на прагот од една нова (политичка)раскрсница. ...