Responsive Leaderboard AD Area
Интересно

6 Начини Како да Заработите Пари Играјќи Видео Игри!

Играњето видео игри може да биде многу исплатлив бизнис доколку се посветите на тоа. Гејмерите знаат дека преку играњето на видео игри можат да се направат и пари. Форумите за видео игри се преплавени со  најразлични натпревари,  може да се направат многу  пари ако знаете како да ги играте тие игри.


Не претпоставувајте дека ова е лесно или дека на овој начин би можеле да се збогатите по брз пат. Aко правењето на пари од игри е лесно тогаш сите ќе го правевме тоа.

Еве шест начини како да ја вклучите вашата гејмерска рутина во заработување на пари!

1) Купувањето и продавањето на виртуелните добра не е ништо ново, но некои игри имаат аукциска куќа каде се продаваат некои вредни алатки кои би можеле да ви користат во играта. Oвој метод експлодира со Diablo III, игра во која ликовите избираат еден од петте класи (Witch Doctor, Barbarian, Wizard, Monk or Demon Hunter), кои имаат за задача да го победат  Diablo, Господарот на тероризмот.

За жал креаторите на Blizzard најавија дека од март 2014 вистинските пари во аукциските куќи ќе бидат затворени.

Blizzard зема по $ 1 од секоја продажба, како и уште 15 отсто кога се плаќа преку PayPal. Некои играчи тврдат дека тие направиле до $ 10.000 од собирањето.
Корисник на Reddit потпишан WishboneTheDog вклучил слики од екранот на својот
профил на PayPal како доказ за неговиот приход од $ 10.000. Корисникот напишал дека во оваа игра, тој  никогаш не направил никакви пари, бидејќи било против правилата. Инвестирањето и тргувањето на пазарот за ајтеми е дел од неговата забава, не би имало смисла од негова страна да биде измамник. Blizzard велат дека ја отстраниле аукциската куќа во Diablo III, зошто ја уништувала основната цел на Diablo.


2) Tестирањето игри е местото каде што голем дел од компаниите на видео игри  вработуваат тестери кои ги тестираат игрите кои се во развој и ги пријавуваат сите проблеми кои ќе ги откријат. Иако, ова може да звучи како добра работа, бидете претпазливи. Веб-сајтот како што е “The Tough Life of a Games Tester” нагласува дека ова е добро платено, и дека нема да ги играте видео игрите кои ви се допаѓаат.
Сите тестери потпишуваат договори и се секогаш претпазливи што потпишуваат. Многу од нив се фалат со својата работа, но, исто така, се двоумат околу тоа што можат да кажат во врска со нивната работа.


3) Веб-сајтовите како “Killer Guides” ви овозможуваат да напишете електронска книга која можете да ја продаде. Можете, исто така, да се обидете на Амазон или на вашиот сопствен сајт но, пазарот на Killer Guides е многу поголем.
Многу водачи од играта “the Lord of the Rings” , пишуваат книги кои се подолги од 100 страни кои се продаваат за 1667 денари.


4) Снимањето како играте игри  и нивното ставање на YouTube се гледа како можен извор на приходи.
Сепак, една работа на која треба да се внимава е тоа дека за YouTube да овозможи да се монетизира вашето видео, мора  да се коментира постојано во текот на целото видео, а не само тивко да се игра играта. YouTube објаснува дека: “содржината на видео игрите може да се монетизира ако се даваат инструкции. Потенцијална опасност е конкуренцијата, и дека индивидуалните ставови не се во вредност, така што треба да се стекнете голем број на гледаност за вашиот став да биде вреднуван.
Корисникот “PewDiePie”, од Шведска вели дека тој е само еден човек  кој сака да се смее и да направи и другите да се смеат. Неговиот  јутуб канал има повеќе од 46 милиони претплатници, и неговите видеа редовно се гледаат по милион пати. Не е познато точно колку пари  прави.


5) Користете ги игрите како метод на обука за вашата нова кариера. Можно е да се направи скок од реалниот свет во виртуелниот свет и да заработите пари на тој начин.
Џен  Марденбороу, 22, е еден таков пример. Тинејџерот Кардиф бил опседнат со тркачката игра “Gran Turismo”, па тој одлучил да направи виртуелна трка.


6) Методот за продавање на напредни карактери е совршен за игрите како “World of Warcraft”, каде што ликовите се вградени со нови вештини, оружје, магии и други способности. Иако тоа е забрането во однос на употребата на играта, ликовите често се продаваат и до $10,000.

 

Share this Story
Load More Related Articles
Load More By Mihaela
Load More In Интересно

Facebook Comments

Check Also

#ГласамПротив Интересни илустрации од македонските дизајнери поврзани со моменталната политичка ситуација

Македонија е на прагот од една нова (политичка)раскрсница. ...