Responsive Leaderboard AD Area
Интересно

5 Луди Работи Направени од Страна на Филозофите!

Кога ќе кажеме “филозоф” имаме одредена слика која ни доаѓа на ум, најчесто мудар, мирен човек, кој е запознаен со работите и зрел. Не мислите на некој кој може да биде дрзок кога збори со луѓето и доколку му се спротивставите да ве надвикува и да има налик како да сака да ве убие. Сепак, има некои интересни работи кои се направени од страна на филозофите.


1. Петел или човек?
Диоген бил од античка Грција и познат по своите контроверзни акробации. На пример, тој ги искинал пердувите на петелот и рачно ја доставил  до Платоновата Академија. Но, тој не бил луд туку имал поента со тоа.  Диоген не се согласувал со тоа што Платон го дефинирал човекот како суштество без крилја и пердуви, па објаснувајќи дека умот на човекот е нешто што е на прво место, Диоген излегол надвор, го искубал првиот петел на кој наишол, влегол во просторијата во која Платон држел предавање и рекол: “Еве го човекот на Платон“.


2. Јавно мастурбање
Диоген живеел во дрвено буре, очигледно е дека на него не му била потребна приватност. Често мастурбирал во бурето каде минувачите го гледале. Оние кои биле навредени му се спротивставувале, тој им велел дека би сакал тоа да е лесно како ослободувањето на гладтта со триење на празниот стомак. Во понатамошните обиди, предизвикот за општеството е разбирањето за тоа зошто чувствуваме срам, тој, исто така, се верува дека уринирал врз луѓето кој му викале во театрите. Излегува дека античка Грција повлекла една тенка линија помеѓу “големиот филозоф” и “навредлив човек”.


3. Сартр се криел од Нобеловата награда
Сартр бил егзистенцијалист и политички филозоф во 60-тите и 70-тите години. Дел од неговата работа била толку добра што тој бил награден со Нобелова награда за литература во 1964 година, единствениот проблем било тоа  што тој не ја сакал. Тој тврдел дека со  освојувањето на наградата ќе треба да се здружи со Нобеловиот комитет засекогаш. Печатот бил многу заинтересиран за некој кој одбил Нобелова награда, но обидите да се поврзат со Сартр биле неостварени. Сартр се криел во станот на неговата сестра, додека сите не си отишле.


4.Демонакс се прегладнувал
Покрај тоа што го има најзлобното име на сите времиња, Демонакс бил популарен и славен филозоф. Едно нешто со што ја стекнал почитта била неговата љубов кон решавање на дебати. Според биографијата на неговиот живот , не само што бил спремен да ги користат неговите идеали за да ги реши проблемите на паровите, тоа го правел бесплатно, бидејќи тој во тоа уживал. Кога остарел и  веќе не можел да се грижи за себе, тој престанал да јаде се додека не умрел. Починал на скоро 100 години.


5. Експертот за деца ги напуштил своите деца
Жан-Жак Русо бил Женевски филозоф, познат по неговото размислување за политика и социологија. Во почетокот на неговиот живот, Русо, татко на пет деца, ги напуштил дома. Тој го сторил тоа, бидејќи напуштањето деца и сексуалното фалење било во мода меѓу неговите социјални кругови, а мажите кои се откажале од повеќето деца биле многу аплаудирани. Таквото одвратното однесување не е нешто што би очекувале од еден теоретичар за образованието и одгледувањето на децата, но тоа не го спречило Русо. Неговото минатото не избегало од очите на ривалските филозофи како на пример, Волтер, Русо бил нарекуван лицемер.

Share this Story
Load More Related Articles
Load More By Mihaela
Load More In Интересно

Facebook Comments

Check Also

#ГласамПротив Интересни илустрации од македонските дизајнери поврзани со моменталната политичка ситуација

Македонија е на прагот од една нова (политичка)раскрсница. ...