Responsive Leaderboard AD Area
#Факти

4 Чудни Факти за Средниот Век

На современите умови, средниот век може да им изгледа полн со туѓи концепти и околности. Сега, една нова книга, “The Middle Ages Unlocked: A Guide to Life in Medieval England, 1050–1300″, има за цел да го демистифицира овој сложен период во англиската историја и ги отфрла модерните претпоставки кои го опкружуваат.

Д-р Џилијан Полак (Gillian Polack) и д-р Кетрин Каниа (Katrin Kania) истражуваат широк спектар на теми од законот, религијата и образованието до пејзажот, уметноста и магијата. Експертите, исто така, ги испитале аспектите на секојдневниот живот, вклучувајќи ги сместувањето, храната, облеката и занаетчиството.


Еве четири помалку познати факти за средновековниот период: 

1) Свињите биле вистинска опасност

Во средниот век, луѓето имале многу повеќе контакт со свињите од ние денес. Ова било опасно, па дури и смртоносно. Имало повеќе случаи каде свињите јаделе деца. Во 13 век се поднесувале тужби кон свињите кои најчесто завршувало со смртна казна за свињите. Таквите тужби биле ретки во Англија, но, биле почести во Франција, особено околу Париз.


2) Англичаните користеле повеќе јазици

Средновековните Англичани не зборувале само англиски туку користеле француски, латински и хебрејски. Вклучувале различни јазици во различни ситуации: јазикот во религијата бил на латински и хебрејски, а за Законот бил на францускиот.


3) Не биле сите христијани

Имало и  Евреи и муслимани во средновековната Европа. Имало лекари од други религии. Луѓето биле со поголема веројатност да бидат дискриминирани според религијата отколку според  бојата на кожата. Евреите биле оние кои најмногу страдале.


4) Имало водата од цевки

Чистата вода била важна во средновековниот период, за хигиената, за подготовка на храна, како и за пиење. Поставувањето на снабдувач за вода, особено во градовите, не било секогаш лесно. Лондон бил познат по својот канал. Некои замоци, исто така, имале цевководни системи за нивно снабдување со вода. Замокот Довер, на пример, користел оловни цевки кои ја движеле водата од бунарот низ Замокот.

Share this Story
  • #Факти

    4 Чудни Факти за Средниот Век

    На современите умови, средниот век може да им изгледа полн со туѓи концепти и околности. Сега, една нова книга, “The Middle ...
Load More Related Articles
Load More By Mihaela
Load More In #Факти

Facebook Comments

Check Also

123456 e Најкористената Лозинка на Интернет

Речиси 80% од корисниците на интернет имаат ризична ...