Responsive Leaderboard AD Area
Интересно

11 Хорор Филмови Базирани на Вистински Приказни

Многу луѓе уживаат во гледање хорор филмови поради стравот кој го имаат додека ги гледаат, но знаејќи дека секој од овие филмови, всушност, се инспирирани од вистински настани звучат позастрашувачки. Во филмовите секогаш имињата се различни од оние во вистинската приказна.


1. The Exorcism of Emily Rose (2005)

Нејзиното вистинско име било Aналис Мичел (Anneliese Michel), во 1970-тите, таа ја изгубила контролата над своето тело и имала епизоди на интензивно тресење. Иако, лекарите првично ја дијагностицирале со мали напади, кога нејзиното однесување станало уште почудно, членовите од семејството барале свештеници да извршат егзорцизам на неа. Таа ја пиела сопствената урина. По 40 извршени егзорцизми, таа не се вратила во нормала, па умира од пневмонија, експертите се уште дебатираат за тоа дали таа, всушност, била опоседната.


2. The Exorcist (1973)

Овој филм е базиран на книга, во која имало вистинска приказна за едно момче по име Роланд До (Roland Doe). Тој се опседнат од демони во 1949 година, неговиот егзорцизам е страшен, толку многу што постојат повеќе книги кои се напишани за луѓето кои всушност биле сведоци. Сето тоа го прави филмот многу пострашен.


3. The Texas Chainsaw Massacre (1974)

Филмов не  ја следи приказната за серискиот убиец , бидејќи деталите не се познати, но, сепак останува фактот дека Ед Гејн (Ed Gein) поседувал 9 маски од човечка кожа. Ова е доволно да се плашите во текот на ноќта.


4. Child’s Play (1988)

Роберт Јуџин Ото (Robert Eugene Otto) бил вистинско момче кое искусило терор кога сестра му фрлила вуду клетва врз една од неговите кукли, секоја вечер тој бил во страв. Тој подоцна напишал за неговите искуства, кои биле инспирација за да се направи филм за опседната кукла.


5. A Nightmare on Elm Street (1984)

Иако самиот Фреди Кругер (Freddy Kruegar) не бил реален, приказната била инспирирана од една статија. Во написот се дадени детали за тоа како тие починале, додека имале кошмари.


6. Jaws (1976)

И покрај некои научни докази дека се уште може да има ајкули значително поголеми од просечната големина која се крие во длабочините на океанот. Овој филм не е  инспириран од огромна ајкула. Бил инспириран од вистинска струна од голема бела ајкула, нападот кој се случил во 1916 година во близина на брегот на Њу Џерси.


7. An American Haunting (2005)

Во 1800 година, имало семејство со презимето  Бел (Bell), биле проколнати од вештерка Бел. Таа била насочена кон целото семејство но, најмногу кон нивната ќерка Бетси. Ова се случило во Тенеси и бил толку познат случај во тоа време. Има гласини дека дури и претседателот Ендру Џексон бил  да испита пред да стане претседател, но го исплашила вештерката.


8. The Haunting in Connecticut (2009)

Овој филм е инспириран од приказната за еден пар кој одлучил да се пресели во поранешна мртовечница. Двојката била Алан и Кармен Снедкер, биле постојано измачувани од демони.


9. The Amityville Horror (2005)

Во 1975 година, семејството Лутц (Lutz) се преселилo во нова куќа.Од таму, работите биле страшни за нив, се повеќе и повеќе страшни работи почнале да им се случуваат. Овој случај е еден од најчестите дискусии меѓу специјалистите на паранормалното.


10. Eaten Alive (1980)

Ова е сигурно единствениот филм кој во голема мера се одликува со алигатори. Тоа се базира на вистинска приказна за еден човек по име Џо. Тој убил околу 20 жени, а потоа седел и гледал како алигаторите ги јаделе тие жени.


11. Annabelle (2014)

Уште една опседната кукла, Анабел личи како да е вистинска. Почнала со тоа што го мачела семејството кое ја купиле појавувајќи се на различни места и локации низ целата куќа, а потоа подоцна предизвикала и фатални несреќи. Она што ја прави оваа приказна пострашна е тоа што луѓето кои ја омаловажувале имале смрттни искуства.

Share this Story
Load More Related Articles
Load More By Mihaela
Load More In Интересно

Facebook Comments

Check Also

#ГласамПротив Интересни илустрации од македонските дизајнери поврзани со моменталната политичка ситуација

Македонија е на прагот од една нова (политичка)раскрсница. ...