Responsive Leaderboard AD Area
World

САД Креираат Непробоен Човечки Оклоп

Според замислите, оклопот би требало да има флексибилен заштитен слој, кој би можел да се стврдне во делче од секундата, при што би бил отпорен и на оган

Штабот на американската војска за истражување, развој и технологија (RDECOM) постави конкретни цели пред себе – да развие прототип на воен оклоп кој по сите карактеристики би личел на оклопот што го има главниот лик во филмот „Ајрон мен“.

Ова најново парче воена опрема, кое го носи името Tactical Assault Light Operator Suit (ТАЛОС), нема да може да лета, ниту пак да исфрла ракети, но сепак ќе има одлики какви што само посакуваат војниците и полициските сили.

Според замислите, оклопот би требало да има флексибилен заштитен слој, кој би можел да се стврдне во делче од секундата, при што би бил отпорен и на оган, а би имал и хемиски состав кој ќе ја зголемува силата на војниците.

Како дополнување на тоа, оклопот би требало да има и интегриран комуникациски систем, внатрешни и надворешни сензори, проѕирен екран кој ќе дава информации за состојбата во која се наоѓаат опремата и самиот војник, како и придружен филтер за ноќно гледање.

Поголемиот дел од составните елементи на оклопот американската војска веќе ги тестирала, а сега се очекува компании за воена опрема да се вклучат и да дадат свои финансиски конструкции за исплатливоста на уредот.

Share this Story
Load More Related Articles
Load More By Andrej
Load More In World

Facebook Comments

Check Also

Најстрашните култови во модерната историја

Некои од најзастрашувачките култови се толку познати што ...