Responsive Leaderboard AD Area
Едукативно

Најмладиот Некогаш Мумифициран Фетус Од Антички Египет Беше Пронајден

Најмладиот мумифициран фетус од антички Египет беше откриен во еден мал саркофаг кој бил екскавиран од Гиза пред повеќе од 1 век.



Кога Археолозите прв пат го откриле овој 44 цм долг ковчег во 1907 година, тие сметале дека е мал пакет во кои биле кои содржел мумифицирани органи кои биле тргнати од мртвите. Но тие биле способни да видат под завоите и да пронајдат мало човечко суштество внатре.

Мумијата е сега претставена во музеј,откако поминала низ неколку детални анализи.
Египтолозите во музејот прво пробале да видат во малото нешто обвиено со завои со помош на Х-зраци,но резулатите биле нецелосни. Затоа од Универзитетот на Кембриџ земале посебен скенер, и успеале да видат дека тоа е мумифициран фетус.



Со помош на скенерот тимот бил во можност дури и да открие колку било старо бебето кога умрело.
Според анализите тие заклучиле дека фетусот умрел во 16та до 18та недела од бременоста на мајката. За да ги поврзете работите, ковчегот има големина на кутија за чевли.

Од скен сликите, може да се види дека фетус ги има рацете прекрстени на своите гради. Ова, земено во предвид заедно со интригирачки малиот ковчег и декорациите, се чисти индикации за неговата важност.

Сме виделе мумифицирани фетуси и претходно, гробницата на Тутанкамон имаше 2, но беа постари и се сметаше дека умреле во 25 и 37 недела од бременоста, овој е најмлад.

Додека доволен е само фактот дека гледаме 2000 години старо бебе со сите прсти на него,уште ни кажува за начинот на верување во Египет. Иако е уште неродено бебе,тоа добило шанса за живот после смртта.
Грижата со која е припремано се околу овој фетус ја демонстрира важноста на животот, дури и во првите недели од истиот.

Share this Story
Load More Related Articles
Load More By Andrej
Load More In Едукативно

Facebook Comments

Check Also

Европа vs. Македонија

Живеењето во Македонија, верувале или не, може да ...