Responsive Leaderboard AD Area
Едукативно

Монт Еверест Всушност Не Е Највисоката Планина Во Светот ?

Одкога Сер Едмунд Хилари го достигна врвот во 1953, иљадници авантури биле направени за да се освои смртоносниот врв на Монт Еверест. Всушност, толку многу луѓе се обидуваат секоја година што Хималајската убавина полека станува буквално еден куп од ѓубре.

Еверест е прочуен по својата популарност дека е највисоката планина во светот,но вистината е дека не е според науката. Да,највисоката планина е всушност Чимборазо-стратовулкан во Еквадор кој е дел од Андите-бидејќи е најоддалечен од централната точка на Земјата, па и затоа, е највисоката во поглед на оддалеченост.

Според Ели Розенберг од Њу Јорк Тајмс, Чимбарозо достигнува 6 248 метри надморска височина,што е пониско од Еверест за 2 600 метри, но тоа се се менува ако се мери од центарот на земјата.

Бидејќи земјата не е рамна, планините што се наоѓаат блиску до Екваторот се технички повсоки отколку другите предели.Чимбарозо е најблиску до центарот, додека Еверест е 28 степени северно.

Но сепак ако сте авантуристички планинар и сакате предизвици, качувајте го Еверест. Ви требаат 10 дена за да стигнете до базичниот камп на Еверест, додека ви требаат 9 дена до врвот со голем ризик по вашиот живот. За да го качите Чимбазо ви требаат 2 дена до врвот.

Па ако сте направиле планови да го качувате Монт Еверест и да го испишете вашето име до името на Едмунд Хилари, не се плашете, затоа што сеуште ја качувате највисоката планина на светот. Потоа можете да одиме и на Чимбарозо, бидејќи тоа за вас ќе биде како една прошетка низ паркот.

Share this Story
Load More Related Articles
Load More By Andrej
Load More In Едукативно

Facebook Comments

Check Also

Европа vs. Македонија

Живеењето во Македонија, верувале или не, може да ...