Responsive Leaderboard AD Area
Едукативно

Луѓето Можат Да Имаат Само 5 Вистински Пријатели

Во време на интернетот и големиот број на социјални мрежи, чувствуваме како да сме способни да направиме стотици пријателства – но нови податоци од Британскиот антрополог Робин Дунбар вели друго. Според новиот репорт, и покрај нашите екстремно поврзани животи, способни сме да одржиме само 2 блиски пријателства времено.

Ако не сте слушнале за Дунбар претходно, можеби сеуште сте запознати со една од неговите теории-Дунберов број, кој пропозира дека просечниот човек може да одржи 150 социални пријателства со било какво ниво на стабилност. Сега, се враќа за да анализира колку најдобри пријатели типичен индивидуалец може да задржи.



Има смисла дека од овие 150 пријателства, некои се поблиски од други. Ние не им ги кажуваме нашите најдлабоки мисли на сите тие 150, и да сме пријателски настроени со нив. Според Дунбар, овој внатрешен круг содржи 5 пријатели, тоа е нашата армија на која можеме целосно да се довериме.

Од нашиот најдлабок круг,пријателскиот лимит станува се поголем. Следниот круг на пријатели опфака 10 луѓе, следниот околу 35.

Последниот, најдалечниот круг опфала 100 до 150 пријатели, последната количина базирана на Дунбаровиот број.

За да дојдат до овој заклучок, Дунбар и неговиот тим од истражувачи собрале податоци оф 6 билиони телефонски повици помеѓу 35 милиони луѓе во неименувана Европска земја во 2007 и така дошле до бројките за секој социјален слој.

Двата слоја во средина, 10 и 35, биле каде што имало највеќе варијација. Овде може да влијаат пријателства кои се менуваат во текот на времето.

Истражувачите ги исфрлиле бизнис повиците така што елиминирале повици кои не биле регуларно повикани назад. Исто така исфрлиле индивидуалци кои не ги користеле своите телефони многу, доаѓајки до фактот дека можеби повеќе ги користат социјалните мрежи.

Истражувачите велат дека социјалните интеракции на една личност се многу повеќе отколку само телефонски повици, па затоа е тешко да се стигне до солидни конклузии.

Дунбар ќе продолжи со своето истражување,а совето до вас е дека доколку сакате да додадете некое ново другарче во вашата група, подобро размислете да исфрлите некој прво на негово место..


Share this Story
Load More Related Articles
Load More By Kristijan
Load More In Едукативно

Facebook Comments

Check Also

Европа vs. Македонија

Живеењето во Македонија, верувале или не, може да ...