Responsive Leaderboard AD Area
Едукативно

Како Влијае Брза Храна На Вашата Психологија ?

Најновото истражување на Универзитетот во Лондон покажува дека децата кои на своето мени повеќе ја преферираат „брзата храна“, развиваат помал коефициент на интелигенција од децата кои секојдневно консумираат свежо подготвени јадења.

Исхраната на децата има долготрајно влијание на коефициентот на интелигенција, дури и кога во обѕир ќе се земат сите можни фактори, како интелигенцијата во раниот развој и имотната состојба на семејството.

Во истражувањето учествувале 4.000 дечиња од Шкотска на возраст меѓу 3 и 5 години, а се направени и споредби од последиците на брзата храна со ефектите од свежо направените оброци.

Докторката Софи вон Стам изјави дека резултатите се сосема очекувани.

„Здравиот разум говори дека храната што ја јадеме влијае на развојот на мозокот, но претходните истражувања беа фокусирани на ефектите од специфични продукти наместо на типовите оброци“, изјави таа.

Ова истражување ќе помогне во овозможувањето цврсти докази на разни јавни компании чија цел е да ја намали количината на брза храна што децата во Британија ја јадат.

Докторката истакнува дека истражувањето покажало дека разликите во исхраната на децата е значително социјален проблем.

Родителите на децата чии примања се помали, честопати немаат многу време за подготвување на свежи оброци за децата, а токму тие деца постигнуваат послаби резултати на тестовите за интелигенција и често имаат тешкотии на училиште.

Слични резултати дадоа и истражувањата во Австралија, објавени годинава, кои покажаа дека децата кои јадат брза храна во просек имаат понизок коефициент на интелигенција за два бода од своите врсници кои јадат поздрава храна.

Во истражувањето објавено во САД во 2010 година, исто така се покажа дека децата кои јадат пица и пржена храна пред третата година од животот имаат понизок коефициент до 5 бода од врсниците кои јаделе свежо подготвена храна во комбинација со овошје и зеленчук.

Share this Story
  • Едукативно

    Како Влијае Брза Храна На Вашата Психологија ?

    Најновото истражување на Универзитетот во Лондон покажува дека децата кои на своето мени повеќе ја преферираат „брзата храна“, развиваат помал коефициент ...
Load More Related Articles
Load More By Andrej
Load More In Едукативно

Facebook Comments

Check Also

Европа vs. Македонија

Живеењето во Македонија, верувале или не, може да ...