Responsive Leaderboard AD Area
Едукативно

Кафе И Цигара Се Корисни За Мозокот ?

Филџан кафе и цигарите се пријатни и корисни за мозокот, покажало едно истражување.

Некои состојки во нив позитивно влијаат врз човечкиот организам, а посебно врз активностите на мозокот и ја намалуваат шансата од Паркинсонова болест, велат научниците од Америка.

Тие заклучиле дека кафето и цигарите го намалуваат ризикот од развојот на оваа болест. За пушачите овој ризик е со 60% помал, а помалку загрозени од болеста се и поранешните пушачи, кои се одбиле од оваа навика.

Користењето на кафе пак го намалува ризикот за 30%. За жените ефектот се пројавува во најголема мера при умерена употреба на кафе, а за мажите – при употребата на поголема количина.

Според научниците, овие факти во никој случај не значат дека кафето и цигарите штитат од болеста на Паркинсон, но можно е постоењето на некакви заеднички генетски механизми кои одредуваат ризикот од болеста и пристрасноста кон кафето и цигарите.

Share this Story
Load More Related Articles
Load More By Andrej
Load More In Едукативно

Facebook Comments

Check Also

Европа vs. Македонија

Живеењето во Македонија, верувале или не, може да ...