Responsive Leaderboard AD Area
World

Гњурачи Откриле Големо Количество На Злато Во 1600 Години Стар Потонат Брод

Пар гњурачи открија огромно подводно богатство, со бронзени статуи, илјадници парички, интригирачки фигури сокриени во 1600 години стар брод во античкиот харбор на Цезарија, Израел.

Артефактите, кои ги носат симболите на Римската Империја, го претставуваат најголемото откритие на такви богатства пронајдени во Израел во повеќе од 30 години, и ги зачудија археологистите.

“Ова се екстремно возбудувачки откритија, кои на страна од својата неверојатна убавина, се од огромна историска важност” – вели директорот на археолошката унија на Израел.



Во богатството е вклучена и бронзена лампа со слика од богот на сонцето Сол, фигура од божицата на месечината Луна, и лампа во форма на Африкански Роб.

Има фрагменти од бронзени статуи во човечка големина, фигури на животни, вклучувајќи кит и дива свиња со глава на лебед, и купови парички тешки 20 кг, со слики од Римските Императори Константин и Лициниус.

Метални статуи се редок археолошки пронајдок бидејќи се топат и се рециклираат во антиквитет.

Во многуте вакви експедиции низ Цезариа, многу мал број на бронзени статуи биле пронајдени. Но овие статуи биле заштитени од песокот. Тие се во неверојатна состојба на презервација – како да биле направени вчера, а не пред 1600 години. Некои од овие објекти се смета дека датираат од 4 век, додека други од 1 и 2 век.

Богатството е сега сигурно на копно и е во грижа на Израелскиот Антиквитетски Авторитет, чии вработени ќе ги подготват предметите за екземинација и конзервација.

Share this Story
Load More Related Articles
Load More By Kristijan
Load More In World

Facebook Comments

Check Also

Најстрашните култови во модерната историја

Некои од најзастрашувачките култови се толку познати што ...