Responsive Leaderboard AD Area
Едукативно

Деца Родени Од По Стара Мајка Стануваат Повисоки И Подобро Едуцирани, Велат Истражувањата

Слушаме многу за здравствените ризици поврзани со жени кои не раѓаат се до своите 30ти и 40ти и за многу жени за кои чука биолошкиот часовник, а сеуште не се спремни да се спуштат во животот и да ја превземат таа обврска, може да биде многу депресивна состојба.

Но сега една нова студија открива дека деца родени од постари мајки можат да станат повисоки, по фит, и подобро едуцирани отколку тие родени од помлади мајки. И нема никаква врска со годините на мајката,туку со начинот на кој напредува општеството.

Всушност, излегува дека индустријализираните општества напредуваат толку брзо што е бенефит да се родиш неколку години подоцна-во свет со подобра грижа за здравјето и опциите за образованите,така што биолошките ризици поврзани со раѓање на постара мајка може да се занемарат до некој степен.

За да го сфатат ова,истражувачите погледнаа во податоци од повеќе од 1,5 милиони мажи и жени во Шведска помеѓу 1960 и 1991,и открија дека мајки кои сакале покасно да родат, родиле деца кои биле повисоки, по фит, со подобри оценки, и со поголеми можности да одат на Универзитет.

Бенефитот поврзан со раѓање година подоцна може да ги надмине ризиците поврзани со пораѓање на постара жена-вели Мико Мирскија од Макс Планк Институтот во Германија. За да го потврдат ова на најдобар можен начин земале пример во кој мајката има 2 деца, од кои едното е родено 10 години подоцна. Второто дете станало подобро едуцирано во секој можен аспект и станал вистински рамноправен горд член на едно напредно општество.

Ако ова звучи чудно, размислете само на сите социјални промени кои се случија во периодот од 70те до 90те и се ќе ви стане јасно. Размислете за сите технолошки промени и здравствени напредоци во последниве 15 години. Светот оди напред и фактот дека дете родено покасно е понапредно не е воопшто зачудувачки.

Сепак, ризиците од раѓање дете во касните години се сеуште тукаи може да резултира со ризик од Даунов Синдром, и поголема шанса да има Алцхајмерова болест, хипертензија и диабетис покасно во животот.
Но со третмани за овие состојби како и генерална грижа за здравјето, овие ризици можат да бидат надминати-велат научниците.

Добрата работа за ова истражување е што има добри вести за сите!
Имате дете на помлада возраст? Одлично,биологијата е на ваша страна.
Имате дете покасно во вашиот живот? Не се секирајте,светот во кои го растете ќе биде многу понапреднат, надминувајќи ги сите здравствени ризици.

Share this Story
Load More Related Articles
Load More By Kristijan
Load More In Едукативно

Facebook Comments

Check Also

Европа vs. Македонија

Живеењето во Македонија, верувале или не, може да ...