Responsive Leaderboard AD Area
Интересно

Дали Xеви Mеталот и Панк Музиката не Прават да Бидеме Насилни?

Студијата, објавена Frontiers in Human Neuroscience, е фокусирана на “екстремни” жанрови на музика, вклучувајќи и хеви метал, емо, хардкор, панк и други различни поджанрови. Д-р Женевиев Дингл (Genevieve Dingle) и Леа Шарман (Leah Sharman) простудирале 39 редовни слушатели на екстремната музика помеѓу 18 и 34 години. Учесниците биле набљудувани додека зборувале на теми кои предизвикуваат лутина или иритација, а потоа слушале 10 минути на песни по свој избор. Ова било проследено и со 10 минути на молчење.

Истражувачите заклучиле дека метал музиката ги опуштало учесниците додека седеле во тишината.

“Најдовме музика која регулира со тагата и предизвикува позитивна енергија. Кога се соочуваме со лутина, екстремните љубители на музика сакаат да слушаат музика која се поклопува со нивниот гнев.” – Шарман

Студијата покажала дека музиката им помогнала на учесниците да се чувствуваат активни и полни со инспирација. Резултатите покажуваат дека нивото на непријателство, вознемиреност и стрес се намалило откако се вовела музиката, а од најзначајните промени било на ниво на инспирација. Шарман, исто така, истакнала дека и покрај изборот на песни од страна на учесниците со теми на лутина, агресија, изолација, и тага, тие ја користеле музиката за да најдат среќа.

Истражувачите, исто така, сметале дека се потребни понатамошни истражувања за да се реплицираат овие информации во натуралистичките социјални контексти, и да се истражат потенцијалните придонеси од страна на слушателот за односот помеѓу екстремната музика и гневот.

Студијата е против традиционалното сфаќање дека таквата музика предизвикува насилни луѓе. Ова размислување одамна се применува во обидите да се цензурира музиката. Еден познат пример за ова се случи во 1984 година Dee Snider од бендот Twister Sister зборувал пред Конгресот во врска со тврдењата дека хеви музиката ги прави децата луди. Snider, исто така, зборувал пред Конгресот, против цензурата на Ал Гор. Во меѓувреме, сопругата на Ал Гор, Типер Гор, која е основач на родители Parents Music Resource Center е прва на повик за цензура.



Во прилог е поставено видеото каде Dee Snider сведочел против цензурата…

 


Метлот и панкот нема да го изгние вашиот мозок!
Би сакала да ви предложам еден бенд, Molotov Solution. Овој бенд е доста интересен , исто така, вокалот на Nick Arthur е доста забавен 😉

 

Share this Story
Load More Related Articles
Load More By Mihaela
Load More In Интересно

Facebook Comments

Check Also

#ГласамПротив Интересни илустрации од македонските дизајнери поврзани со моменталната политичка ситуација

Македонија е на прагот од една нова (политичка)раскрсница. ...