Responsive Leaderboard AD Area
Едукативно

5 Работи Кои Не Сте Ги Знаеле За Лубеницата

Лубеницата е вистинскиот избор за освежување во топлите летни денови. Меѓутоа оваа летна посластица освен убавата боја и вкусот има и голема содржина на хранливи материи, а сепак малку калории. Погледнете неколку интересни факти за лубеницата.

1. Содржи повеќе ликопен од доматот

Само една чинија лубеница содржи 1,5 пати повеќе ликопен отколку свежиот домат, 6 милиграми во споредба со 4 милиграми. А ова е добра вест, бидејќи ликопенот има својства на супер-антиоксидант, кој ги спречува слободните радикали да ги оштетат вашите клетки и имунитет.

2. Сокот од лубеница ги ублажува болките во мускулите

Едно истражување покажува дека сокот од лубеница може поволно да делува по напорното вежбање. Објаснувањето на овој феномен можеби лежи во фактот дека во лубеницата се наоѓа аминокиселината цитрулин, за која се верува дека ја подобрува функцијта на артериите и го намалува крвниот притисок.

3. Лубеницата е и овошје и зеленчук

Како и повеќето овошја, лубеницата е производ од билка која произведува семки и има сладок вкус. Но, таа исто така е поврзана и со краставиците, затоа што таа доаѓа од семјството на тикви, па затоа се смета и за зеленчук. Оваа двојна природа на лубеницата ја прави да биде целата за јадење… да дури и кората. Иако не е баш вкусна (како кај краставицата) таа може да се јаде и многу е здрава.

4. Полна е со вода

Лубеницата има неверојатна моќ на хидратација. Дури 91,5 проценти од лубеницата е чиста вода, и тоа оваа намирница ја прави идеална за летните денови.

5. Не се сите лубеници розеви

Иако е тешко да ја замислите лубеницата без типичната зелена кора и розевото месо, постои вид кој во внатрешноста е жолт. Всушност постои вид на лубеница кој е наречен „шолт кримсон“, лубеница која има сончев ентериер и меден вкус.

Share this Story
Load More Related Articles
Load More By Andrej
Load More In Едукативно

Facebook Comments

Check Also

Европа vs. Македонија

Живеењето во Македонија, верувале или не, може да ...